Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица

Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021.
Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., до 10 часот.
Самиот тендер се однесува на изработка на проектни документации за работи на неколку музејски објекти, вклучувајќи го и објектот Мала станица, кој е дел од Националната галерија.
Нашата намера е да поттикнеме интерес за помасовно учество на овој оглас, достапност на информацијата до сите заинтересирани, како овој процес би се спровел на најтранспарентен начин.
Исто така, сакаме да дадеме подршка за успешна реализација на овој проект и на Министерството за култура како директно засегната институција од областа на културата, во кој, меѓу останатите е вклучен и Проект за реконструкција на култната Мала станица.
Со почит и благодарност кон политиките на Министерството за култура во насока за заштита на недвижното културно наследство и со голема радост и нетрпение го поздравуваме чекорот за реконструкција на објектот Мала станица, со надеж дека ќе го врати престижното место на културната сцена, ќе блесне во нов сјај и повторно ќе биде едно од главните свртилишта за пошироките маси во Скопје.
Мултимедијален центар, Мала станица
Започна со работа во 2005 година, објект изграден во 1924 година за потребите на железницата, а потоа е користен и од страна на војската на тогашната ЈНА. Ова т.н. индустриско наследство има површина од 2.000 м2, на два ката, предвиден за мултимедијален простор со различни содржини (изложби, проекции, презентации, саеми, корпоративни настани, итн.).
Со почит, Национална гаелрија