Оглас за вработување – шифра КУЛ 03 04 Д03 007

Share Button

Во врска со члeн 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 27/14.199/14, 27/16 и 35/2018). член 22 од Законот за работни односи (..Службен весник на Република Македонија број 62/2005,106/2008. 161/2008,114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10,124/10, 47/11,11/12, 39/12,13/13, 25/13,170/13,187/13,113/14, 20/15, 33/15, 72/15,129/15,167/2015 и 27/2016), член 77-г од Законот за културата (..Службен весник на Република Македонија број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18) Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 34/15), Националната установа, Национална галерија на Македонија – Скопје со единствен матичен број 4063317 и единствен даночен број 4030965222783 на ден 23.05.2018 година. објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2018

За вработување на 1 (едно) лице – давател на услуги на неопределено работно време во Националната установа, Национална галерија на Македонија – Скопје за следново работно место на ниво со шифра:

1. Ниво Д03, шифра КУЛ 03 04 Д03 007, назив на работното место Водич, Звање на работното место Водич, Категорија Д – стручни работници во заштитата на културното наследство во Стручен сектор за идентификација, заштита, ревитализација, презентација и популаризација на движното културно наследство – Дидактичко – едукативно одделение (1) еден извршител;

Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно дa го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
За нивото Д03 – да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС – историја на уметноста или историја на уметноста со археологија, етнологија и етногенеза, туризам и културно наследство; работно искуство до една година.

Распоред на работно време
– Работни денови понеделник – петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата за работно место под реден број 1 изнесува: 22.890 / бруто 33.317 Денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. Се; Македонец 6, Албанец 8, Турци 1,Роми 2 ,Други 1, Останати 4.

Рокот за пријавување на кандидатите за јавниот оглас е 15 дена, не сметајќи го денот на објавувањето во дневен весник. Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава,за вработување со прилог потребна документација, оригинал или заверена на нотар.
– Пријава Кратка биографија
– Свидетелство / Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
– Уверение за државјанство
– Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност,

Изборот ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати а најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Кандидатите комплетната документација со која се докажува исполнувањето на услови те од огласот, треба да ја достават во хартиена форма до архивата на Националната установа, Национална галерија на Македонија – Скопје на адреса ул. Јордан Мијалков 18 Скопје Република Македонија со назнака „за Јавен оглас за вработување број 01/2018″.
Телефон за контакт 02 3126856 Елизабета Тасевска.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува. Кандидатите се должни да достават прецизни и точни податоци.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Националната установа, Национална галерија на Македонија – Скопје

Share Button