Корпоративно спонзорирање
Националната галерија на Македонија го третира корпоративното спонзорирање како партнерство меѓу две организации. Насочени сме врз обезбедувањето специјално “скроени” услуги со цел да овозможиме нивно максимално вклопување во вашите деловни потреби.
Спонзорирањето може значително да помогне во подобрувањето на профилот и престижот на засегнатите компании. Во погодностите спаѓаат истакнување и рекламирање на компанијата во медиумите и промотивните кампањи, во каталагот на изложбата и при официјалните отворања, како и ексклузивни можности за забава.
Галеријата нуди спонзорирање на различни области од Галеријата што може да се вклопат со потребите на вашата компанија, како што се:
– изложби
– едукација
– јавни програми
– патувачки изложби
– конзерваторски проекти
Спонзорирање изложби
Спонзорирањето изложби во Националната галерија на Македонија преставува една од најважните можности за спонзорирање на уметноста во земјата. Тоа овозможува исклучителни погодности меѓу кои присуството во сите медиумски соопштенија, реклами, изданија и настани, како и одлични прилики за забава на клиентите, организациите или целните групи.
Маркетинг службата од блиску соработува со спонзорот за да овозможи целите да се реализираат во согласност со Развојната програма на Галеријата. Ние ја прифаќаме комерцијалната условеност од таквото партнерство и ќе соработуваме со спонзорот со цел да му возвратиме.
Спонзорирање и прилози
Лоцирана во главниот град на државата, Националната галерија на Македонија е важна уметничка институција во Македонија затоа што овозможува пристап до уметноста на локално, национално и меѓународно ниво.
Преку опсежни изложби, постојаната поставка, неколку колекции и патувачките изложбени програми Галеријата привлекува најразновидна публика од сите возрасти.
Постојат многу можности за деловна и поединечна соработка со Галеријата, меѓу кои:
– Спонзорирање изложби;
– Корпоративна поддршка;
– Корпопративно спонзорирање;
– Корпоративни прилози;
– Индивидуални донатори;
– Лична поддршка на Галеријата преку оставнини, донации, подарување уметнички дела и членарина.
СПОНЗОРИ И ПАРТНЕРИ
In humans, peak plasma concentrations (C max) are reached by 1–4 h post-dose (mean of approximately 3 h) and decline mono-exponentially with a half-time of 2 to 3 h. The present review focuses on the current state of drug – HSA binding studies. See the full prescribing information for oral aprepitant for complete safety information https://pharmaciesansordonnance.org/vardenafil/. The relative cardioselectivity of BREVIBLOC injection was demonstrated in 10 mildly asthmatic patients.