Изложба на Симонида Филипова Китановска – “Птичја градина”

Изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска. Изложбата содржи 80-тина акварели.
Добро позната како на македонската така и на светската јавност со својот препознатлив експресивен гестуален ликовен јазик преку многубројните масла на платно, oвојпат Симонида Филипова-Китановска ни се претставува во една друга техника а тоа е акварелот. Сегашната употреба на акварелот е долго истажување на ефектите на играта со боја во вода: соединувања, разделени локви, ореоли, контрасти, слоеви боја, без размислување да се додадат контрасти и да се употребат блескави пигменти. Денешниот акварел се состои од храбри бои.