Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, Кина

Share Button

Вчера, (четврток, 28 јануари) во просториите на мултимедијалниот центар Мала станица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, од Народна Република Кина.

ningbo poseta 3

На средбата помеѓу претставниците на двете институции се искажа подготвеност за продлабочување на соработката, културна размена со Уметничкиот Музеј во Нингбо, Народна Република Кина на база на реципрочна соработка, размена на идеи, искуства, знаења, уметност, уметници и друго, со цел запознавање одблиску со културата на другата вклучена страна и афирмација на македонската култура и уметност во Кина.

Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари и слично. Беа разговарани следните типови на соработка: размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста и соработка во други полиња на интерес.

ningbo poseta 1

Директорот од музејот во Нингбо, г-нот Хан, покажа спремност соработката помеѓу двете институции да се крене на повисоко ниво и соработката да резултира со значајни возвратни изложби. Директорката на НУ Национална галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими напомена дека нашата институција е подготвена да излезе во пресрет на барањата на претставниците од НР Кина, и изрази подготвеност договорените типови на соработка да отпочнат да се реализираат уште годинава, а подетални информации ќе се презентираат до медиумите накнадно.

Share Button