Распоред на активностите од програмата на НГМ за јуни 2016

Share Button

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за 2016 година…

mal stanica logo vlez

Објект Мала Станица

25.05-07.06 ,,The day after” Куратор:  Ана Франговска

Храната е дел од колективниот ум. Ние сме преокупирани со нејзиното производство, шармирани од нејзините производители и обземени со нејзината презентација. Храната стана идеал, дури и израз на културен копнеж за многу образовани урбани професионалци и културолози. Методи Ангелов и порано се занимавал со вклучување на храната во визуелното изразување, каде покрај вклучување на несвојствен медиум, игра во голема мера со иронизирање на брендот и глобализацијата во која сите го губиме сопствениот идентитет.

08-15.06 „Happy birthday”  Куратор: Горанчо Ѓорѓиевски

15-25.06 „Галерија на портрети“ Куратор: Ана Франговска

Изложбата е практично збир на нематеријални дела, недофатни на перцепцијата на човекот со денешните биолошки перцептивни можности. Во повеќе од просториите на Мала станица, просторот се неутрализира од аспект на мирис (се варосува, а подот се брише со средство за неутрализирање), а потоа во секоја од просториите се поставува “мирисен квадрат”. Сопствениците на кучиња, по претходно закажен термин и добиени инструкции, ја посетуваат изложбата. Делото е невидливо за сопствениците, но не и за нивните миленици, чија реакција се документира (фотографии и видео).Во предвид доаѓаат само социјализирани миленици, навикнати на живот во затворен простор. Самостојна изложба на Искра Димитрова.

01-17.06 Тони Чатлески – „Древниот сон“  Кустос: Горанчо Ѓорѓиевски

Авторот е на прагот од надминување на периодот на средовечноста и неминовно си го поставува прашањето „која е смислата на неговото живеење?“. Случајно ли е тука на земјата, или неговото битисување има конкретен повод.
Оттука доаѓа целисходноста на авторовото истражување под работен наслов „Древниот сон“. До реализацијата на проектот, авторот се надева, ке одгатне некоја дилема, ако воопшто одгатна, а и чуму да одгатне. Непознатото е мистично, а мистичното е секогаш поинтересно.

17-30.06  “Патот на инките” Куратор: Маја Крстевска

Во НГМ на Македонија се отвара нова страница помеѓу две култури што ке биде и потик за реализација на наша претставување наредна година во соодветен галериски простор во Перу, каде ке се промовира со проект по пат на реципроцитет.

25.06-05.07  Сајмир Ахмети

————————————————————

hristijanski motivi - cifte amam (5)

Објект Чифте амам

21.06-21.07  Самостојна изложба на Жарко Башевски, Куратор Горанчо Ѓорѓиевски

Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот, говори за животот и за реалноста во која живееме.

————————————————————

daut-pasin-amam
Објект Даут-пашин амам

06.06 Илија Николовски Луј  Концерт за деца
08.06 МОДОАРС Концерт за пијано на Асами Сате од Јапонија

Share Button