Самостојна изложба на  Биљгаип Кочиштe – БИГЕ под наслов “1441“

Share Button

На 21.9.2020 г. во 12 часот во Националната галерија, објект Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на  БИЉГАИП КОЧИШТE – БИГЕ под наслов “1441“ на која авторот ќе се претстави со четириесетина дела.

 Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен!

Во текот на човечката историја, феноменот на миграција, во имигрантските или емигрантските вектори, покажал депопулација на личност, група или маса на луѓе од социјални, политички, економски и интелектуални причини. Покрај тоа, феноменот на миграција во повеќе анализи стекнувал различни димензии со тоа што се класифицирал како “бегство”, “постигнување”, “депортација”, “исклучување”, исто така и во афирмативни контекстуализации како “човечка мисија”, “одлив на мозок”, “транседентална транспозиција” и слично. Горенаведените димензии се карактеризираат со заеднички именител кој, пред сè, феноменот на “миграција” го претставува како просторно позиционирање на „битие-таму-некаде” или временсо позиционирање  „битие-таму-некогаш” или „битие-таму-после“.

   ***

Моето излагање фрла светлина врз многуте димензии со кои се соочува човекот на Балканот со јасно изложување на суштинските ри-парадигматични осцилации со кои човечкото суштество дише во колоритот на сликите на присуството. Бидејќи миграцијата е клучен термин кој ќе помине низ нашите дела на оваа изложба, тогаш мојата цел е да се стремиме да бидеме во тој центар на присуство “каде-што-треба”. Во најголем дел, моите дела ќе бидат посветени на приближување на дистанцата помеѓу сликите на “тоа-што-е” и “тоа-што-треба да биде”, со што се транспонира присуството да се биде во неговиот центар. Сликата на присуство во оваа смисла семантички се изразува во апсолутна смисла, додека нашите дела ќе ја претставуваат оваа смисла на симболичен начин. На крај наважното останува дека човекот и неговата основна онтолошка состојба ќе биде кулминативната боја на изложбата, чија слика е нашиот уметнички егзодус.

      Д-р Амир Мустафаи

————————–

Ти Биге создаваш ментален настан кој е возбудлив на платното. Возбудливо чувство, утеха на моралноста,  показ за тоа што се’ има во твоето срце и почит кон сопствената религија и како што претходно спомнав, на тебе драги луѓе. Може ли уметноста да ја промени сензибилноста и колку твојата уметност може да е политизирана?… не, политиката е отстранета. Твоите дела ги разбирам и како дневник во кој го бележиш својот внатрешен свет во различни моменти и животни ситуации за личности кои те импресионираат и скоро секогаш демонстрираат интимни мисли. Дела кои носат јасни пораки, понекогаш болно реалистични, саркастични, а на моменти дури и комични. Некои од нив (создадени во различни ситуации) потсетуваат на политички и социјално вклучени во некакви пишани метафори.

Љупчо Маленков

 

 

Share Button