ВЕТАР ПАРАКЛЕТ – Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски
Со особено задоволство, на нашата галериска сцена, најавуваме автор – уметник во доменот на ликовното творештво и пишаниот збор. Димитрие Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност. Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам, отворањето е на 1 септември 2023 (петок), во 20 часот и за публиката ќе биде достапна […]