Директор

Дита Старова Ќерими 

д-р Дита Старова-Ќерими (1984) е афирмирана академска сликарка и педагог, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн, при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје.

Во својата досегашна професионална биографија Дита Старова-Ќерими има остварено 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција, Бугарија, Косово и други земји. Добитничка е на наградата „Методија Ивановски Менде“ – Мал формат 2012, на признанието „СИАБ“ и на други домашни и странски признанија. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Музејот на современата уметност и на Националната галерија на Република Македонија во Скопје, како и во колекции во Канада, Турција и Франција. Таа е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), на Здружението на уметници „Аrt Vizion“, на Здружението на уметниците на Македонија „Драудакум“ и др.

Функцијата директор на Националната галерија  д-р Дита Старова-Ќерими ја извршува од 2015 година. За релативно краток период таа ќе успее севкупната позитивна енергија на колективот да ја насочи кон претставување на фундаментални автори и дела кои ја обележале македонската ликовна уметност, но и на автори од странство. Изложба на дела на сликарот Петар Мазев, отворена во 2017 година (проследена од десетици илјади посетители), по што следуваше и една од најголемите и најуспешни презентации на творештвото на сликарот муралист Борко Лазески, како и изложбата посветена на стогодишнината од раѓањето на сликарот Ибрахим Кодра. 

Заслужува да се споменат и реализираните пригодни и специјални проекти по иницијатива на директорката за подигање на јавната свест за најранливите категории на деца, преку организирање на голем број ликовни работилници, на различни настани функционално приспособени за децата со посебни потреби, во соработка со компетентните институции, но и со ангажман на нивните родители. Тука спаѓа и ликовно-едукативниот проект „Уметност за сите“, наменет за деца од најрана училишна возраст до завршување на средното образование, поддржан од Холандската амбасада во Македонија.

Вклучена е и во реализација на дел од значајните проекти за реставрација на Спомен-куќата на Лазар Личеноски и објектите Даут-пашин амам и Чифте-амам.

Добитник е на наградата 13 Ноември на Град Скопје, за 2019 година. 

 

 

 

Секретар

Оливија Стоилкова 

 

Кустоси

         Љупчо Маленков           

          

                 Славица Алексоска                 

           

Маја Чанкуловска Михајловска

Маја Неделкоска Брзанова    

   

                             Ана Франговска                                           

Горанчо Ѓорѓиевски

Маја Крстевска       

                         

                 Татјана Бундалевска               

                     

Елена Иванова

Александра Вилиќ  

 

Конзервација

 

Ивана Урошевиќ

 

Шќипе Мехмети

 

Дизајн и маркетинг

           Борис Шемов           

 

 Александар Ристевски   

Михаела Јовановска

     Теона Трајковска     

Сузана Миновска

Игор Василев

 

Едукација

Александар Таневски

Маја Димитрова

Џенете Билали

Нарона Љума Весели

 

Библиотека

Мирјана Митриќеска

Александар Тодоровски

Администрација

 

Назифе Адемовиќ

Светлана Кузмановска Иљоска

Елена Алексоска

Емине Сулимани

Лилјана Димитриевска

 

Архива

Елизабета Тасевска