Изложба на Вељо Ташовски во КИЦ Софија

На 22 април 2016 година (петок), во 18,30 часот во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Р. Бугарија ќе биде отворена изложба на Вељо Ташовски во организација на НУ Националната галерија на Македонија. Творештвото на Ташовски на бугарската публика ќе биде претставено со избор на дваесетина слики во комбинирана техника, масло на платно и свила. Вељо Ташовски всушност, својот карактеристичен ликовен израз го гради постапно, бескомпромисно копајќи длабоко во себе, низ сопствената и […]