Замисли желба
Националната галерија на Македонија на крајот од годината во месеците октомври и ноември го реализира проектот под наслов „ Замисли желба“. Станува збор за креативни работилници за изработка на лампиони и други декорации од мали парчиња текстил кои се остатоци од кроење или се неупотребливи од други причини. Материјалите за изработка на лампионите како и други помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите се реупотребуваат, редизајнираат и се претвораат во оригинални […]
Разговор со уметникот – Дриант Зенели
Разговор со уметникот, 30 август 2022 година, во 18:00 часот, Чифте амам Почитувани, Со особено задоволство Ве информираме дека на 30 август 2022, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“, на која заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации. […]
Одлука за Интерен оглас за унапредување
Одлука по Интерниот оглас за унапредување од август 2о22, во Националната галерија…
Интерен оглас во Националната галерија – август 2022
Интерен оглас во Националната галерија…
Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022
Почитувани, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на РС Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 13.30 часот. Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар […]
Националната галерија трет пат по ред меѓу најдобрите на манифестацијата „Сајт на годината“
Националната галерија и годинава беше дел од манифестацијата и изборот на „Сајт на годината“ за 2021 година. По освоените две први места во изминатите две години, во категоријата на владини/државни институции, годинава го освоивме високото 2 место. Ви благодариме за поддршката, следете не’! #sajtnagodinata21
Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно
НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.
Интервју со Перица Георгиев – Пепси: Секој треба да се изрази себеси, без разлика дали е сликар или не
„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Република Северна Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и репродукции на мурали од групата „Зеро“ којашто завзема значаен дел […]
Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки
Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и подготовка, склучување и реализација на договорите. Кликнете на линковите… Javni nabavki Godisen plan
Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица
Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]