Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно

НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.

Интервју со Перица Георгиев – Пепси: Секој треба да се изрази себеси, без разлика дали е сликар или не

„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Република Северна Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и репродукции на мурали од групата „Зеро“ којашто завзема значаен дел […]

Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки

Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и подготовка, склучување и реализација на договорите. Кликнете на линковите… Javni nabavki Godisen plan

Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица

Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]

Програма на Националната галерија за 2021 година

Почитувани љубители на уметноста и пријатели на Националната галерија, настанатата ситуација со појавата на пандемијата, која нè принуди во одреден период да бидеме затворени, не значеше и да бидеме исклучени. Напротив, сета енергија во таквата специфична состојба ја насочивме кон изнаоѓање начини како во новонастанатата реалност да останеме достапни до сите Вас и да ги презентираме сите предвидени настани во 2020 година. Со помош на дигиталната технологија, почнавме со сериозно престројување, и сè уште секојдневно […]

Жените во сликарството на Личеноски – витруелна изложба

Никакви и ничии влијанија не ја насочија мојата љубов кон уметноста воопшто, и кон сликарството посебно. Откако знам за себе, од моја предучилишна возраст, страсно цртав и сликав. Воден од тој уметнички идеал, упорно се движев по напорниот трновит пат низ макотрпниот живот, работејќи неуморно деноноќно, само да дојдам до саканата цел – уметноста. – Лазар Личеноски (портрети и актови од колекцијата на Национална галерија)  Биографија Лазар Филип Личеноски   Современата македонска ликовна уметност […]

Националната галерија втора година по ред „Сајт на годината“ во категоријата владини/државни институции

Националната галерија продолжува со успеси и заокружување на оваа тешка година полна со предизвици, на убав начин.   Нашиот веб сајт https://nationalgallery.mk/ втора година по ред победува на манифестацијата Сајт на годината, повторно во категоријата владини/државни институции, одличје со кое се закитивме за 2019 и 2020 година.   Благодарност до Media Solutions и самата манифестација Сајт на Годината powered by MediaSolutions.   Благодарност за сите за поддршката, за сите вработени во Институцијата, и секако за […]

Октомври, месец со богата програма во храмот на уметноста

По долга пауза, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Р. С.Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета на културни манифестации, наметната од задолжителните протоколи за социјална дистанца, охрабрени, го збогативме овој месец со понуда за културно насладување на социјално дистанцираната публика.“ Во продолжение проследете ја најавата за настаните во Националната галерија во периодот што претстои: 1 -7 октомври 2020, дигитални […]

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Селекцијата за избор на победници на Конкурсите за млад и за зрел уметник, проекти во организација на Националната галерија завршија со одржаната (видео)конференција со меѓународната стручна комисија во состав: проф. Миодраг Шуваковиќ, Арта Агани Буњаку и Роман Урањек. Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од страна на комисијата, по што беа сумирани резултатите и беше дискутиран финалниот избор. Комисијата имаше мошне слични ставови во изборот. За победници на конкурсот […]

Протоколи за посета во објектите на Националната галерија

Протоколи за посета во објектите на Националната галерија, согласно со препораките кои нашата институција ги доби. Повелете во наите објекти. Во Даут пашиниот амам може да ја погледнете постојаната поставка и да ја посетите нашата специјализирана продавничка. Во Чифте амам, имате три изложби истовремено, во целиот објект. Во Мала станица, има изложба на стари архивски фотографии од Првата светска војна, од Роберт Јанкуловски.  Ве очекуваме!