ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2023
Врз основа на член 10, 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ. 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18), а во врска со Правилникот за формата, и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен огласот (Сл.весник на РМ 11/2015, 35/2018, 303/2020),…
Правилникот бр.02-248/3 од 09.09.2020 година за систематизација на работните места во НУ Национална галерија на Република Северна Македонија –Скопје, Правилникот бр.01-40/1 од 15.01.2021 година за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Националната Установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје и Правилникот бр.01-223/1 од 23.07.2021 година за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Националната Установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, Годишниот план за вработување за 2023 година на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, бр.04-385/5 од 23.08.2023 година, и даденото позитивно мислење на Годишниот план за вработување за 2023 година на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје од Министерство за информатичко општество и администрација бр.09-3423/4 од 28.10.2022 година, за кое што се обезбедени финансиски средства, со Согласноста бр.18-12017/3 од 29.12.2023 година на Министерството за финансии, директорот на установата го распишува следниот
ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2023
I. Националната Установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје има потреба од пополнување на слободно работно место по пат на објавување на интерен оглас, и тоа:
1. Технички секретар – самостоен референт за административни работи (КУЛ 01 02 Г01 001)- 1 извршител
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– Да е државјанин на Република Северна Македонија
– Активно да го користи македонскиот јазик
– Да е полнолетен
– Да има општа здравствена способност за работното место и
– Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје:
– Ниво на стручни квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку вишо или средно образование;
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– Најмалку три години работно искуство во струката,
– Познавање на еден од најчесто користените јазици на Европката унија (англиски, француски, германски)
II. На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во институцијата, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
– Да е оценет со оцена ,,А“ или ,,Б“ при последното оценување
– Да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас
– Да поминал најмалку три години на тековното работно место и
– Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
III. Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
IV. Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови можат да ги приложат и следните докази:
-потврди/сертификати за успешно реализирани обуки/менторства во последните пет години
V. Дневно работно време: од 8.30 до 16.30 часот
VI. Работни денови: од понеделник до петок
VII. Неделно работно време: 40 (четириесет) часа
VIII. Основната нето плата изнесува: 34.060,00 денари
IX. Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Националната установа Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, на адреса ул.Железничка бр.18, Скопје, како и до службената електронска адреса contact@nationalgallery.mk, со назнака ,,За интерен оглас 01/2023“ во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје
Директор
d-r Dita Starova Qerimi