Изложба „Women about women“ во Мала станица

Изложбата „Women about women“ е вовед во двегодишно истражување на практиките и териториите на уметниците на Западен Балкан. Ги обединува дваесет и пет визуелни уметници од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и С Македонија. До сега, во период од 10-ти јануари, изложбата ги има посетено Белград, Подгорица, Самобор, Ајдовчина, за да стаса до Скопје, каде што од 14 до 30-ти мај, може да ја погледнете во Национална галерија, објект Мала станица. Оваа изложба е дел […]

„Пеплосување и благородност“ на Невзат Бејтули-Кица

Невзат Бејтули-Кица е роден во 1962 год. во село Ѓурѓевиште, Гостиварско. Таму го започнал основното образование, кое, заедно со средното образование, ги завршил во Високо, Босна и Херцеговина. Академијата на ликовните уметности ја завршил во Скопје, во 1993 година, додека магистерските студии ги довршил во Приштина, под менторство на проф. Реџеп Фери во 2002 година. Неколку години работел како наставник по ликовна уметност во гимназијата во Тетово, а откако е основен Тетовскиот Универзитет, таму е […]

Добитниците на Конкурсот на Националната галерија за зрел уметник и конкурс за млад уметник – 2020 ќе се претстават во Мала станица

Оваа година Националната галерија воведе нова содржина во Програмата, Конкурс за зрел и млад уметник, поддржан од страна на Министерството за култура. На 25 јуни 2020 беше понуден професионален повик за учество во Конкурсот, отворен за сите уметници. За победниците, како што беше објавено, обезбедени се средства за хонорар, за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и […]

ОСТЕН биенале на цртеж 2020 во Чифте амам

75-години ОСТЕН – изложби во Национална галерија на С. Македонија во Чифте амам Скопје 1 – 10 октомври 2020 ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 Изложени автори: Адриана ВАСИНКА-ФАБИАН, Австралија | Александар МИЈАК, Полска | Александрос МАГАНИОТИС, Грција | Анахид ХАГОБИАН, Уругвај | Андреас ТОМБЛИН, Кипар | Ана ПЛАВИНСКАЈА, САД | Ана МОНТАНАРО, Италија | Атанас МАЦУРЕФ, Бугарија | Атанас АТАНАСОСКИ, С. Македонија | Авни САМИ, Холандија | Билјана ЈЕВТИЌ, Србија | Благоја НИКОЛОВСКИ, С. […]

Мице Јанкуловски Мицко – Самостојна изложба 50-години творештво

Од 18 – 28 август 2020 во мултумедијалниот центар на Националната галерија, објект „Мала станица“ ќе биде поставена самостојна изложба на уметникот МИЦКО Мице Јанкуловски по повод 50-години од неговото творештво. МИЦКО Мице Јанкуловски уште од најрана возраст започнува со сликарство и паралелно е многу активен на полето на цртежот, изложбената карикатура и сатиричното сликарство на стакло. Работата на анимирани филмови и пишувањето на палиндоми се истражувања преку кои ја задоволувал својата љубопитност и желба […]