Изложба „Poi piovve dentro a l’alta fantasia“ или „И потоа врнеше во длабоката фантазија“ во Чифте амам
Почитувани, Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на отворањето на изложбата „Poi piovve dentro a l’alta fantasia“ или „И потоа врнеше во длабоката фантазија“, која претставува мултимедијален уметнички дијалог помеѓу Бард-И Рафет Јонузи-Т, уметник од Прешево кој живее и работи во Австрија и негови пријатели уметници од различни земји и тоа: Мариа Анвандер – Австрија, Готфрид Бегтолд – Австрија, Сорен Далгард – Германија, Саша Буквиќ, „Звоно“ – БиХ, Худа Такрити – Австрија, Теута Јонузи […]
Самостојна изложба на Камуран Горанци – КОД4
Срдечно Ве покануваме на отворањето на Самостојната изложба на Камуран Горанци во објектот Чифте амам на 9. 5. 2024 година (четврток), во 19 часот. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024 година. Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана во Албанија и „Код 3“ во Галеријата на […]
Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“
Ве известуваме дека на 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и […]
„Градина“ изложба на Ервин Ќатовиќ во Мала станица
Уште една изложба ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Станува збор за претставување на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Р. Србија. На отворањето пред публиката ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими и кураторката Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во Националната галерија за првпат ни го открива неговиот […]
Годишна изложба на основните училишта „Шемов и јас“
Ве информираме дека во Националната галерија, објект Даут пашин амам, на 10ти ноември 2023 година (петок), во 13 часот ќе се отвори Годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На отворарањето ќе се обрати директорката на галеријата д-р Дита Старова Ќерими, проф. Симон Шемов и едукаторот на проектот м-р Маја Димитрова. „Годишната изложба на основни училишта е изложба која традиционално е поддржана од Министерството за култура, а во организација на Националната галерија. Идејата […]