„Морфогенези“ на Исмет Јонузи

  МОРФОГЕНЕЗИ Исмет Јонузи Д-р Ана Франговска Во Националната галерија свечено беше отворена изложбата „Морфогенези“ на Исмет Јонузи, во присуство на бројни гости, претставници на Академијата на науките и уметностите на Косово, дипломатскиот кор и културната јавност. На отворањето се обратија Нарона Љума Весели, в.д. директорка на Националната галерија, Еќрем Баша, писател и редовен член на Академијата на науките и уметностите на Косово, д-р Ана Франговска, кураторка на проектот, и авторот Исмет Јонузи. Во творештвото […]

ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ДО КРАЈОТ НА 2026 ГОДИНА

  ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ДО КРАЈОТ НА 2026 ГОДИНА Програмски активности одобрени од Министерството за култура и туризам ОКТОМВРИ Објект: Мала станица – Менче Спировска – „Визуелна фасцинација со Загреб“ Објект: Чифте амам – Исмет Јонузи – „Морфогенези“ НОЕМВРИ Објект: Мала станица Менче Спировска – „Визуелна фасцинација со Загреб“ „Културното наследство низ дела од колекцијата на Националната галерија“ Објект: Чифте амам Исмет Јонузи – „Морфогенези“ Дита Старова Ќерими – „Уметноста на оддалечувањето“ Билгаип […]

ЖАРКО БАШЕСКИ: КОРПОРЕАЛНОСТ

Во петок, 2 октомври, во Музеј на современа уметност во Белград се отвори изложбата „ЖАРКО БАШЕСКИ: КОРПОРЕАЛНОСТ“. Изложбата свечено беше отворена во присуство на уметникот Жарко Башески, кустоската Злата Вучетиќ (МСУБ) и Маја Крстевска (НГМ), како и директорката на Музејот на современа уметност во Белград, Маријана Колариќ, и директорката на Националната галерија на Република Северна Македонија, Нарона Лума Весели. Скулптурите на Жарко Башески, преку кои телото се согледува како место на вкрстување на психолошкото, општественото […]

Изложба под наслов „Пресек“на авторката Ирена Паскали Ekspozita me titull “Prerje” nga autorja Irena Paskali

Ве известуваме дека изложбата под наслов „Пресек“ на авторката Ирена Паскали ќе биде отворена на 18.9.2026 година (петок) во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Изложбата е дел од програмските активности на Националната галерија за 2026 година, а е поддржано од Министерството за култура и туризам на РС Македонија и ИФА (IFA – Institut für Auslandsbeziehungen – Institute for Cultural Relations) од Германија. На отворањето на изложбата ќе се обратат г-ѓа […]

Изложба “Инспирација” од Бардха Буза, Мерита Малоку и Вјоса Малиќи, Ekspozita ” Inspirim” nga Bardha Buza, Merita Maloku dhe Vjosa Maliqi

На 03.09.2026 во Национална Галерија На Република Северна Македонија, во објектот Чифте амам, во 19.00 часот, ке се отвара изложбата “Инспирација” на уметницките од Косово: Барда Буза, Мерита Малоку, Вјоса Малиќи   Три пристапи, три различни уметнички света Барда Буза, Мерита Мидеризи-Малоку и Вјоса Бујари-Малиќи градат три различни пристапи кон современото сликарство. Во нивните дела, реалноста не останува само предмет за гледање, туку се трансформира во доживување, меморија, емоција и сликарска материја. Ако кај Буза […]

Самостојна изложба “Порака во шише” од познатиот уметник Саимир Страти, Ekspozitë “Mesazh në Shishe” nga artisti i njohur Saimir Strati

На 03.09.2026 во Национална Галерија На Република Северна Македонија, во објектот Чифте амам, во 19.00 часот, ке се отвара изложбата “Порака во Шише”на познатиот уметник од Албанија Саимир Страти   Саимир Страти -Меморија на сликата преку мозаик Саимир Страти е едно од најпрепознатливите имиња во современата албанска уметност и една од најуникатните фигури на мозаикот на меѓународната сцена. Неговото дело се одликува со монументални димензии, необични материјали и извонредна посветеност на креативниот процес, трансформирајќи го […]

„ОД КАНОН ДО ИНДИВИДУАЛЕН ИЗРАЗ: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19 – 20 век)“

  Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно сликарство кон профаното, граѓанско сликарство – процес што претставува една од клучните пресвртници во историјата на македонската ликовна уметност. На изложбата ќе бидат презентирани досега неизложени, како и ретко изложувани икони и слики, создадени во периодот од средината […]

Ретроспективна изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи […]

Годишна програма за 2025 година на НУ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Оваа програма е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам на РС Македонија која е поддржана со вкупен буџет од 4.650.000, 00 денари, од кои за Визуелни уметности, архитектура и дизајн, 1.320.000,00 за меѓународна дејност, 2.910.000,00 за музејска дејност, 400.000,00 за инвестиции. Средствата ќе бидат наменети за реализација на програмските активности во музејско-галериската дејност, заштита и конзервација на движното културно наследство, како и промоција на македонската модерна и современа уметност во светот. […]

Башким Меџити „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“

На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16.12.2024 (понеделник), во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30 годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе го претставиме со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил […]