Самостојна изложба на Камуран Горанци – КОД4

Срдечно Ве покануваме на отворањето на Самостојната изложба на Камуран Горанци во објектот Чифте амам на 9. 5. 2024 година (четврток), во 19 часот. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024 година. Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана во Албанија и „Код 3“ во Галеријата на […]

Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“

Ве известуваме дека на 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и […]

Изложба „75 / 75“ по повод 75 години Национална галерија

Почитувани, Ве информираме дека на 19.7.2023 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена за јавност изложбата под наслов „75 / 75“. Со оваа изложба ги започнуваме активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија. Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела – слики и скулптури. Селекцијата […]

Изложба “Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ во Мала станица

Тематската изложба “Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија, и ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот.   На изложбата ке бидат изложени околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на […]