Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам

На 15ти ноември 2022 (вторник) во Националната галерија, објект Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е […]

Изложба на Илија Аџиевски – „Портретот во фокус“

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Истата ќе биде отворена во четврток (27 октомври 2022) со почеток во 19 часот, во објектот Даут пашин амам.  Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната […]

Разговор со уметникот – Дриант Зенели

Разговор со уметникот, 30 август 2022 година, во 18:00 часот, Чифте амам Почитувани, Со особено задоволство Ве информираме дека на 30 август 2022, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“, на која заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации. […]

Изложба на Кирил Гегоски – Апотеоза на пределот

Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па се до денес се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата, уметнички израз исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред се со извонредно чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи.   […]

Изложба на Луан Мулиќи – ЕРОС

Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, мотив или лајтмотив се јавува уште од Епските песни, со фигуративен слој, особено во народните лирски фолклорни песни, кои се познати како љубовни песни од сите краишта. Исто така, експлицитно се појавува и во романтичната литература, кај Де Рада (Песните на Милосао), подоцна кај Чајупи па сé до албанската модерна литература, […]

„Патот на свилата“ на сплотеноста и културното разбирање

Во својот богат творечки опус Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек, нагласувајќи ја главата, како симбол на човековиот дух. Човек кој го бранеше достоинството на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања, наспроти наметнатите разединувања. Калеши секогаш беше присутен во Македонија и чувствуваме дека токму овој период треба да биде моментот со кој ќе му оддадеме почит за сето културно наследство кое ни […]

Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022

Почитувани, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на РС Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 13.30 часот. Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар […]

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 2022 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година.   ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во […]

Изложба – Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“

Изложбата ќе се отвори на 28 март (понеделник) во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, од 19 часот. Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и […]