„Патот на свилата“ на сплотеноста и културното разбирање
Во својот богат творечки опус Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек, нагласувајќи ја главата, како симбол на човековиот дух. Човек кој го бранеше достоинството на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања, наспроти наметнатите разединувања. Калеши секогаш беше присутен во Македонија и чувствуваме дека токму овој период треба да биде моментот со кој ќе му оддадеме почит за сето културно наследство кое ни […]
Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022
Почитувани, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на РС Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 13.30 часот. Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар […]
Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам
Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 2022 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година. ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во […]
Изложба – Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“
Изложбата ќе се отвори на 28 март (понеделник) во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, од 19 часот. Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и […]
Националната галерија трет пат по ред меѓу најдобрите на манифестацијата „Сајт на годината“
Националната галерија и годинава беше дел од манифестацијата и изборот на „Сајт на годината“ за 2021 година. По освоените две први места во изминатите две години, во категоријата на владини/државни институции, годинава го освоивме високото 2 место. Ви благодариме за поддршката, следете не’! #sajtnagodinata21
Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам
Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските […]
Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно
НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.
Изложба „Процут на женственоста“ во Чифте амам
На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. По овој повод Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета на овој ден и воедно, испраќа честитка до сите […]
„Допирот“ дел од проектот „Ние сме тука: Идни екологии“
ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија и партнерство со Британскиот совет и „Лукс“ Британскиот совет, „Лукс“ и кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија, со особено задоволство го најавуваат проектот под наслов „Допирот“, дел од НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ. ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за уметност на подвижни слики од колекцијата […]
Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица
Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]