Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам
Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските […]
Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно
НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.
Изложба „Процут на женственоста“ во Чифте амам
На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. По овој повод Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета на овој ден и воедно, испраќа честитка до сите […]
„Допирот“ дел од проектот „Ние сме тука: Идни екологии“
ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија и партнерство со Британскиот совет и „Лукс“ Британскиот совет, „Лукс“ и кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија, со особено задоволство го најавуваат проектот под наслов „Допирот“, дел од НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ. ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за уметност на подвижни слики од колекцијата […]
Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица
Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]
„Како ќе живееме заедно?“ – 17-та меѓународна изложба на архитектура 2021 во Венеција
17-тата меѓународна изложба на архитектурата оваа година ќе биде претставена од 22 мај до 21 ноември, нејзин куратор е архитектот со либанско потекло, Хашим Саркис. Хашим Саркис е декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) од 2015 година. Дипломирал архитектура и ликовни уметности на Факултетот за дизајн на Островот Рода и докторирал философија на Универзитетот Харвард. Тој е автор и уредник на повеќе книги и статии за историјата и […]
„Виртуелно ЈАС“ – инклузивен проект за компјутерска графика
Националната галерија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам. Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам“, како и […]
„Екологија на мислата“ – Вебинар
„ЕКОЛОГИЈА НА МИСЛАТА“ – Вебинар, 4.03.2021, 18:00 ч. Промотивен настан на изложбата ДОПИРОТ, како дел од ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на Британскиот совет и агенцијата „Лукс“ во соработка со Националната галерија, е вебинарот насловен ЕКОЛОГИЈА НА МИСЛАТА. Учесниците на овој вебинар, сите плодни уметници и куратори на локалната визуелна уметничка сцена, ќе се осврнат на различни еколошки и политички прашања, чиишто процеси се во голема мера под влијание на начинот на кој човекот се однесува, ја […]
Изложба „ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 – НАГРАДЕНИ УМЕТНИЦИ и ФИНАЛИСТИ“
На ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2020 учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела! Од нив, од страна на селекторот на Биеналето, Емил Алексиев, С. Македонија, во потесен избор влегоа 135 уметници, а од нив 75 беа избрани за финалисти. Од финалистите, меѓународното жири: Катрин Бекер, Германија (уметнички директор на Центарот за современа уметност „Киндл“, Берлин), Ларс Курулф Милер, Данска (директор на музејот „Борнхолмс“) и Жолт Петрани, Унгарија (раководител на одделот за современа […]
Од отворањето на изложбата FLUX IDENTITY
На 10 февруари 2021 година, во објектот Чифте амам, Националната галерија официјално ја започна програмата за тековната година со меѓународен проект наслов „Flux Identity“ На отворањето на изложбата д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија, им се заблагодари на Канадската амбасада и на невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија, со чија соработка се реализира оваа изложба. Особена благодарност изрази кон Анета Пешева, почесен конзул на Канада. Истакна дека соработката со Амбасадата е долгогодишна […]