Интервју со Перица Георгиев – Пепси: Секој треба да се изрази себеси, без разлика дали е сликар или не

„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Република Северна Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и репродукции на мурали од групата „Зеро“ којашто завзема значаен дел […]

Изложба на Перица Геогиев „И во огнот штом ќе запролети“ во Чифте амам

Со изложбата во Национална галерија, неформална камерна ретроспектива на дела од периодот на неговото делување од крајот на минатиот милениум, Перица Георгиев-Пепси нѐ воведува во егзистенцијално-духовни прашања и ги бара одговорите за смислата на животот и философијата за сопственото постоење. Притоа, евидентно е прочистувањето на визуелната палета. Тој ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи метаризница на […]

Јубилејна изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“

НУ, Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави Јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“ која ќе се отвори во објектот Чифте амам, на 03.11.2021, со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени 50тина дела (икони и слики) од сите творечки фази на авторот. Истите се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и Успение […]

Изложба на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам

НУ Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Според повеќето современици, придонесот на Васко Ташковски во современата македонска уметност уште на почетокот на творештвото се истакнува преку следењето на една сопствена тивка и ненаметлива ликовна патека која му овозможи […]

Изложба „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица

Ве информираме дека на 19.10.2021 (вторник), во 19 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на […]

Изложба на Горан Деспотовски во Чифте амам

Со особено задоволство ја најавуваме изложбата „Subscript“ на новосадскиот уметник Горан Деспотовски, која ќе се отвори на 8 октомври 2021, во објектот Чифте амам, во 20 часот. Изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го контекстуализираат присуството на лице/а во […]

Придружна едукативна програма на проектот „Допирот“

Погледнете ја придружната едукативна програма на проектот „допирот“, дел од Идни екологии“, кој во следните месец дена ќе можете да ги проследите во Националната галерија, во мултимедијалниот центар Мала станица.

Главна изложба на ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ во Мала станица

Со особено задоволство ја најавуваме главната изложба на ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, мултимедијален проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, во партнерство со Британскиот совет и „Лукс“, која ќе се отвори на 15 септември, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во 20.00 часот и ќе биде поставена до 15 октомври 2021. Изложбата ќе ја отворат дамите, Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото кралство Велика […]

Изложба „70 Години од првата национална поставка (1951-2021)“

Со особено задоволство Ве информираме дека на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во периодот од 1948 до […]

Ретроспективна изложба „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот на 31 август, 2021 година, во Национална галерија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска.   Во текстот од монографијата посветен […]