Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки

Годишен план за спречување на корупцијата и Интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и подготовка, склучување и реализација на договорите. Кликнете на линковите… Javni nabavki Godisen plan

„Допирот“ дел од проектот „Ние сме тука: Идни екологии“

ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија  и партнерство со Британскиот совет и „Лукс“ Британскиот совет, „Лукс“ и кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија, со особено задоволство го најавуваат проектот под наслов „Допирот“, дел од НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ. ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за уметност на подвижни слики од колекцијата […]

Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица

Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]

Јубилејна изложба – 110 Години од раѓањето на Димче Коцо

Ве известуваме дека на 23 јуни 2021 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам во срцето на страта скопска чаршија, ќе се отвори Јубилејната изложбата – 110 Години од раѓањето на македонскиот историчар на уметност и ликовен уметник Димче Коцо.   Годинава Националната галерија, и целата наша културна јавност, ја одбележува стодесетгодишнината од раѓањето на Димче Коцо (1910-1993). Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време го посетувал Уметничкото резбарско […]

Изложба „Merry-go-round“ на Олег Кулик во Мала станица

Националната галерија со особено задоволство го најавува својот следен проект, изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик, која ќе сеотвори на 22 јуни во 20.00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица. Изложбата ја организираме во соработка со самиот автор и Музејот на современата уметност на Војводина, Нови Сад, од каде ја превземаме. Олег Кулик е еден од најконтроверзните уметници од Источниот блок чии акции и перформанси сѐ уште предизвикуваат непријатност, отпор, па дури и шок, а дефинитивно […]

„Како ќе живееме заедно?“ – 17-та меѓународна изложба на архитектура 2021 во Венеција

17-тата меѓународна изложба на архитектурата оваа година ќе биде претставена од 22 мај до 21 ноември, нејзин куратор е архитектот со либанско потекло, Хашим Саркис. Хашим Саркис е декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) од 2015 година. Дипломирал архитектура и ликовни уметности на Факултетот за дизајн на Островот Рода и докторирал философија на Универзитетот Харвард. Тој е автор и уредник на повеќе книги и статии за историјата и […]

Изложба „Women about women“ во Мала станица

Изложбата „Women about women“ е вовед во двегодишно истражување на практиките и териториите на уметниците на Западен Балкан. Ги обединува дваесет и пет визуелни уметници од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и С Македонија. До сега, во период од 10-ти јануари, изложбата ги има посетено Белград, Подгорица, Самобор, Ајдовчина, за да стаса до Скопје, каде што од 14 до 30-ти мај, може да ја погледнете во Национална галерија, објект Мала станица. Оваа изложба е дел […]

Изложба „Нови правила“ на Заке Прелвукај во Чифте амам

Националната галерија ја најавува изложбата „Нови правила“ на косовската авторка Заке Прелвукај, која ќе биде отворена за посета од 18 мај, во објектот Чифте амам. „Нови правила“ на Заке Прелвукај е изложба која се однесува на актуелното време во кое живееме, новиот свет во кој сме нурнати, несвесно, и на кој, сакале или не, му стануваме поклоници. Тоа е време на брз технолошки развој кој, потхранет со условите на пандемијата во која се наоѓа целиот […]

„Spaces of oblivion“ на Александра Петрушевска Ристовска во Мала станица

Новата реалност нѐ соочува со децениски наталожуваните системски проблеми, нѐ исправа пред сознанието за кревкоста на општественото ткиво да се справи со новите предизвици, а тие бараат колективни решенија. Во услови кога се наоѓаме пред мрежа од раскрсници, се создава чувство дека основната егзистенција е загрозена. Иако во кризни ситуации, културата и уметноста се на последно место, од друга страна, таа двојна маргинализираност може да биде и шанса на специфичен начин да се погледне стварноста, […]

„Виртуелно ЈАС“ – инклузивен проект за компјутерска графика

Националната галерија  секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам. Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам“, како и […]