Јубилејна изложба – 110 Години од раѓањето на Димче Коцо
Ве известуваме дека на 23 јуни 2021 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам во срцето на страта скопска чаршија, ќе се отвори Јубилејната изложбата – 110 Години од раѓањето на македонскиот историчар на уметност и ликовен уметник Димче Коцо.
Годинава Националната галерија, и целата наша културна јавност, ја одбележува стодесетгодишнината од раѓањето на Димче Коцо (1910-1993).
Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Потоа истовремено почнал да го посетува уметничкото занаетчиско училиште во Белград и да студира Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година.
Во 1945 година се враќа во Скопје и го иницира формирањето на Народниот музеј во Скопје и работи како негов директор а истовремено почнува да предава историја на уметност на Филозофскиот факултет во Скопје. Активно дејствува и како ликовен уметник на полето на сликарството и скулптурата а особено на цртежот таписеријата.
Член е на ДЛУМ од 1945 година.
Како историчар на уметноста и ликовен критичар, објавил повеќе статии од областа на средновековната уметност, современата уметност како и археологијата.
На изложбата ке бидат презентирани стотина дела на Димче Коцо (таписерии, масла, акварели, цртежи и скулптури).
Голем број дела се наоѓаат во Националната галерија на Македонија, во Музејот на современата уметност во Скопје, во МАНУ, како и во потесното семејство на Димче Коцо.

Димче Коцо (1910 – 2020), Јубилеј 110 години од раѓање, Чифте амам, 2021
Организација на изложбата: Славица Алексоска, Маја Чанкуловска-Михајловска, Маја Неделкоска Брзанова, виши кустоси
Авторски текстови во каталогот: Славица Алексоска, Маја Неделкоска Брзанова, Маја Чанкуловска-Михајловска, Александар Ристевски.