НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА (1948 – денес)

Во контекст на развојот на современата македонска уметност, на културата, и на општествено-политичките определби, повоените години значат пресвртница, и вистински ПОЧЕТОК. Во уметноста тоа се години на раскин со <диктатот на творењето>, напуштање на социјалистичкиот принцип на искажување и афирмација на авторската творечка слобода како предуслов на новиот современ човек односно уметник.

Вистинските чекори во уметноста беа направени во некогашната Уметничка галерија а подоцна преименувана како НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Таа има најзаслужно и единствено место во развојот на современиот и млад македонски ликовен израз. Во нејзината работа се инсистираше на современа и јасна ликовна концепција за поквалитетен и поистанчен начин на презентирање на ликовните дела, за соработка и полемика меѓу авторите, со што помогна за извонредно да се прикаже, приближи и квалификува тогашната состојба, размислувања и идеи во ликовнот живот во Република Македонија.

Овие јубилејни, ретроспективни сеќавања секогаш, се исклучителен и голем настан во овие наши, балкански размислувања, верувања, ставови и определувања. Тие диктираат цела низа размислувања, естетско-историски квалификации што на нашиот психолошки темперамент му се наметнуваат како историска ситуација на се она што било како корен, генеза или педигре. Националната галерија на Македонија, основана во 1948 година, и е најстара ликовна институција од ваков тип во Република Македонија. Сместена е во културно – историскиот споменик на исламската профана архитектура, Даут пашин амам. Објектот е составен е од машки и женски дел со вкупна површина од 900 м2, го изградил Даут Паша во втората половина на 15 век.

Во 1948 година беше извршена првата реставрација и адаптација на амамот и неговата пренамена во Уметничка галерија. Во периодот 1979 – 1982 година беше извршено второто реновирање особено врз внатрешното уредување. Основањето на Уметничката галерија беше одговор на потребата, ликовната сцена во Република Македонија да биде збогатена со стручна институција во смисла на афирмирање и презентирање на македонската современа ликовна уметност. Најнапред се пристапи кон формирање на галериска збирка, со голема акција на откуп, на чие чело – со подршка и финансиска помош на тогашната републичка Влада, се најдоа и извонредните познавачи на уметноста и ликовни авторитети-Димче Коцо, еден од инаугураторите на македонската музеологија, како и ликовните творци – Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски и Борко Лазески, беа вклучени голем број ликовни дела кои беа откупени од просторите на некогашната Југославија. Кон оваа збирка (икони, слики, скулптури, цртежи и графики) беа приклучени и збирките од тогашниот Народен музеј во Скопје односно галериското одделение кое беше всушност и никулец на Уметничката галерија. На овој начин беа одредени физиономијата и карактерот на Галеријата.

Прв в.д. Директор на Галеријата беше академскиот сликар Борко Лазески, а по него истакнатиот ликовен уметник Никола Мартиноски. На свеченото отварање на Галеријата во на 2 Август-Илинден 1951 година, беше изложена првата Поставка на дела од современата македонска уметност, дела од македонските зографи, првата генерација предвоени ликовни творци, икони од XIV до XX век, копии на фрески и макети од македонски средновековни цркви. Збирката на Националната галерија постојано се збогатуваше, и денес брои над 1600 дела.

Покрај основната дејност, Галеријата со своите три изложбени објекти, својата активност последните години ја прошири и со други културни дејности: концерти, стручни предавања, камерни театарски претстави, промоции на книги и др. Со новата улога, Националната галерија уште еднаш го потврдува своето стожерно место во македонската ликовна уметност, како средиште кон кое гравитираат творците ‡ современици, и сите љубители на ликовната уметност.

She specializes in cancer biology, immunology, and genetics. What are the ingredients in TIKOSYN? Non-melanoma skin cancer (Basal cell carcinoma, and Squamous cell carcinom(see Section 4 http://apotheke-online24.org/. In HAVEN 3, a randomized, multicenter, open-label trial, 89 patients with severe hemophilia A without FVIII inhibitors who previously received episodic (on demand) treatment with FVIII were randomized (2:2:1) to receive Hemlibra prophylaxis 1.