Завршна изложба на инклузивниот проект “Замисли желба”
На 14 ти декември 2022 (среда), во 13 часот во просториите на Чифте амам заокружуваме инклузивен проект и Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „Замисли желба“ Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас. Едукативното одделение на Националната галерија изминатиов период организираше креативни работилници со тема […]
Придружна едукативна програма на проектот „Допирот“
Погледнете ја придружната едукативна програма на проектот „допирот“, дел од Идни екологии“, кој во следните месец дена ќе можете да ги проследите во Националната галерија, во мултимедијалниот центар Мала станица.
„Виртуелно ЈАС“ – инклузивен проект за компјутерска графика
Националната галерија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам. Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам“, како и […]
Проект: „Детски фасцинации 20“
Во рамки на манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ чија тема за оваа година е „Културното наследство и училиштата“ ние како институција преку едукативното одделение земавме учество. Во таа насока, во месец септември, се реализираат креативни работилница со наслов „Детски фасцинации 20“. На работилниците учествуваат деца на возраст од 6 до 15 год од повеќе основни училишта од градот Скопје. Тие работеа во просториите на Чифте амам во амбиентот на изложбата на Атанас Атанасоски „Пејсажни […]