Проект: „Детски фасцинации 20“

Share Button

Во рамки на манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ чија тема за оваа година е „Културното наследство и училиштата“ ние како институција преку едукативното одделение земавме учество.

Во таа насока, во месец септември, се реализираат креативни работилница со наслов „Детски фасцинации 20“.

На работилниците учествуваат деца на возраст од 6 до 15 год од повеќе основни училишта од градот Скопје. Тие работеа во просториите на Чифте амам во амбиентот на изложбата на Атанас Атанасоски „Пејсажни фасцинации 20“ каде станува збор за инсталација во простор од трновита вегетација.

Инспирирани од изложбата и од самиот автор, децата преку разни видови на вегетација, свежо цвеќе и други видови на треви , креативно се изразija во формирање или обликување на креации од природни материјали.

На проектот децата научija повеќе за уметникот, ликовната техника, но и за тоа колку е важно да се сојузници на природата.

Share Button