Изложба “Инспирација” од Бардха Буза, Мерита Малоку и Вјоса Малиќи, Ekspozita ” Inspirim” nga Bardha Buza, Merita Maloku dhe Vjosa Maliqi
На 03.09.2026 во Национална Галерија На Република Северна Македонија, во објектот Чифте амам, во 19.00 часот, ке се отвара изложбата “Инспирација” на уметницките од Косово: Барда Буза, Мерита Малоку, Вјоса Малиќи Три пристапи, три различни уметнички света Барда Буза, Мерита Мидеризи-Малоку и Вјоса Бујари-Малиќи градат три различни пристапи кон современото сликарство. Во нивните дела, реалноста не останува само предмет за гледање, туку се трансформира во доживување, меморија, емоција и сликарска материја. Ако кај Буза […]
Самостојна изложба “Порака во шише” од познатиот уметник Саимир Страти, Ekspozitë “Mesazh në Shishe” nga artisti i njohur Saimir Strati
На 03.09.2026 во Национална Галерија На Република Северна Македонија, во објектот Чифте амам, во 19.00 часот, ке се отвара изложбата “Порака во Шише”на познатиот уметник од Албанија Саимир Страти Саимир Страти -Меморија на сликата преку мозаик Саимир Страти е едно од најпрепознатливите имиња во современата албанска уметност и една од најуникатните фигури на мозаикот на меѓународната сцена. Неговото дело се одликува со монументални димензии, необични материјали и извонредна посветеност на креативниот процес, трансформирајќи го […]
„ОД КАНОН ДО ИНДИВИДУАЛЕН ИЗРАЗ: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19 – 20 век)“
Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно сликарство кон профаното, граѓанско сликарство – процес што претставува една од клучните пресвртници во историјата на македонската ликовна уметност. На изложбата ќе бидат презентирани досега неизложени, како и ретко изложувани икони и слики, создадени во периодот од средината […]
Изложба на Ангел Коруновски „Лица“ во Мала станица
На 24 декември, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски, во објектот Мала станица. Оваа серија на дела насловени Лица е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, овие дела даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. Секој портрет произлегува од слоеви […]
„Меѓу реалноста и сонот“ на Кирил Ефремов во Даут пашин амам
На 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата во чест на Кирил Ефремов, во објектот Даут пашин амам. Кирил Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство во македонската уметност го најави во почетокот на 60-те години на 20 век. Сликарство завршил на Училиштетото за применета уметност (проф. Лазар Личеноски и други), а Академија на ликовни уметности I степен во Белград. Кирил Ефремов во почетокот на своето творештво и последователно ја потврди својата определеност […]
Изложба „Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во Мала станица
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена, курирана од д-р Ана Франговска. „Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални […]
Изложба „Пурпурна имагинација“ на Сафет Спахиу во Чифте амам
Ве информираме дека на 11.11.2025 (вторник), во 19 ч, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани. Кустос на изложбата е Маја Крстевска и истата ќе […]
Inter Spem et Metum на Славица Јанешлиева
Со особено задоволство Ве информирме дека на 19.06.2024, четврток, во 20.30 часот во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе го отвориме и промовираме за македонската јавност – македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024, т.е. проектот Inter Spem et Metum на уметничката Славица Јанешлиева. Како потсетување: трансмедијалниот и транснаративен проект INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис […]
Изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“
Националната галерија на Македонија ја подготвува јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997), еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, е во сообразност со задачата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници земајќи ја предвид улогата што ја имале во создавањето и трасирањето […]
„Човечка фигура“ на Сејди Капланај – изразување на човечкиот диверзитет преку сликарството
Ве известуваме дека на 03.04.2025 година во 19:00 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена изложбата на Сејди Капланај „Човечка фигура“. Сејди Капланај е ликовен уметник од Косово (1956). Дипломирал и магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина под менторство на Муслим Мулиќи. Претставник е на апстрактниот експресионизам од 80-тите до денес. Неговиот најнов циклус слики во акрилна техника „Човечка фигура“ ќе биде претставен во објектот Чифте амам со 40тина дела во […]