Од отворањето на ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада

Повторно, илјадата метри квадратни изложбен простор беа премали да се распостели дел од ретроспективното творештво на Дадата и да ја собере сета публика, почитувачите на работата на Националната галерија на Македонија, љубителите на творештвото на доајенот на македонската скулптура и уметност. На отворањето стотици лица беа надвор на двата влеза од објектот чекајки можност да го погледнат мозаикот на распосланиот мермер обликуван од рацете на еден голем уметник, дрвените и брозаните скулптури, минајтурите репродуцирани во […]

Предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески

На 3 април 2018 (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на НУ Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата „Борко Лазески – 100 години од раѓањето“, со историчарот на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски. На предавањето, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за […]