Разговор со уметникот – Дриант Зенели

Разговор со уметникот, 30 август 2022 година, во 18:00 часот, Чифте амам
Почитувани,
Со особено задоволство Ве информираме дека на 30 август 2022, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“, на која заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации.
Истовреме сакаме ќе зборува и за неговиот најнов филм, снимен во Поштата во Скопје, дел од „Трилогијата: Животните: Си било некогаш… во денешно време“, насловено „Светулката продолжува да свети, змијата продолжува да расте“ (2022). Филмот е изведен во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија и Машинскиот факултет од Скопје.
Филмот е нарачан од Манифеста 14, а продуциран од Фондацијата Between Art Film.
Ве очекуваме,
Со Почит,
Национална галерија на Република Северна Македонија