Претседателот на Австрија Ван Дер Белен, во посета на Даут пашин амам

Во посета на Националната галерија беше официјална делегација од Австрија, предводена од Претседателот на австриската држава, Александар Ван Дер Белен (Alexander Van der Bellen).
Тој, заедно со неговата сопруга, австриската делегација, придружувани од министерката за култура, Бисера Костадинова Стојчевска (Бисера Костадиновска Стојчевска) го посетија објектот Даут пашин амам, каде заедно со директорката Дита Старова Ќерими (Dita Starova Qerimi) можеа да ја разгледаат постојаната поставка на Националната галерија, во која се претставени најдобрите македонски автори на едно место со свои репрезентативни дела, кои се своевидна лична карта на македонска ликовна уметност, а тука до израз доаѓа и импозантниот и прекрасен објект, споменик на културата од XV век.
Даут пашиниот амам е примарниот објект во кој Националната галерија егзистира веќе 75 години, и кој со својата грандиозност како објект, но и со изборот на ументички дела од сопствената колекција, секојдневно измамува воздишки од посетителите.