„Бела ноќ“ во Националната галерија со Симон Шемов и Миле Корубин

Две големи и исклучително значајни изложби се поставени во репрезентативните објекти Даут-пашин амам и Чифте амам со кои Националната галерија партиципира во Програмата на манифестацијата „Бел ноќ“ за 2023 година. Ја информираме широката публика дека во сабота, 30 септември 2023, од 20 часот до доцните вечерни часови ќе имаат задоволство бесплатно да ги посетат двете поставки, програмски активности во рамките на одбележување на јубилејот – 75 години постоење на Националната галерија.   Симон Шемов „Мултиверзум“ […]

Изложба на Симон Шемов „Мултиверзум“

„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент […]

Изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам

„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент […]

Даут пашин амам следните две недели затворен за посетители

Во следните две недели објектот Даут пашин амам ќе биде затворен за посетители. Во подготовки е изложбата на Симон Шемов која ќе се отвори на 27 септември 2023 година. Ви благодариме на разбирањето. Посетете го објектот Чифте амам во кој во моментов е изложбата на Димитрие Дурацовски.

„Лавиринт на уметноста 2“ низ Постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам

Драги наши ученици, ликовни педагози, љубители на уметноста! Имаме големо задоволство да ве информираме дека во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата започна на 1ви Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие […]

Претседателот на Австрија Ван Дер Белен, во посета на Даут пашин амам

Во посета на Националната галерија беше официјална делегација од Австрија, предводена од Претседателот на австриската држава, Александар Ван Дер Белен (Alexander Van der Bellen). Тој, заедно со неговата сопруга, австриската делегација, придружувани од министерката за култура, Бисера Костадинова Стојчевска (Бисера Костадиновска Стојчевска) го посетија објектот Даут пашин амам, каде заедно со директорката Дита Старова Ќерими (Dita Starova Qerimi) можеа да ја разгледаат постојаната поставка на Националната галерија, во која се претставени најдобрите македонски автори на […]

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Кондовски е роден во […]

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 2022 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година.   ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во […]

Изложба на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам

НУ Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Според повеќето современици, придонесот на Васко Ташковски во современата македонска уметност уште на почетокот на творештвото се истакнува преку следењето на една сопствена тивка и ненаметлива ликовна патека која му овозможи […]

Изложба „70 Години од првата национална поставка (1951-2021)“

Со особено задоволство Ве информираме дека на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во периодот од 1948 до […]