Изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам

Share Button

„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста.

Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент или замислува идна можност заснована врз интуиција во истиот момент, или дали едноставно гледа во ѕвезда чија светлина настанала во минатото, а заради временско-просторниот дискурс и патување таа е видлива за нас сега, што ги релативизира прашањата за безграничноста на просторот во универзумот, за времето, светлината…

Оваа размисла е најава на новата визуелна сензација која ни ја нуди Симон Шемов, т.е. неговата десетлетна богата уметничка продукција која, покрај „новиот“ емпиризам, го носи и бремето на минатогодишното искуство подолго од половина век, со онтологијата и антолошкото значење на едно богато уметничко кредо. Најновиот творечки циклус на маестро Шемов, насловен „Мултиверзум“ се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното од општото или обратно, преку субјективното и сингуларното кон безграничното.

Во најновиот опус од речиси 400 дела, се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ad acta, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т. е. вечната потреба за истражување, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката, т. е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови“. (Ана Франговска)

„Предизвикот од детството на неговото сликарство, сè уште ја надразнува неговата истражувачка мисија, која почнува од една точка со туш, а до денес љубопитно ѕирка зад оградата, зад неговите Паравани, со трајна надеж дека еден ден истражувачкиот процес ќе го доведе до одговорот за вистината на постоењето на нас самите, на сите во неограничената космогонија. Истрагата продолжува, не е на повидок THE END. Шемов е вљубен во живиот свет. Тука е сосредоточена неговата неизмерлива тврдоглавост да го растајни опстанокот во целиот универзум, каков, колкав и каде и да е“. (Соња Абаџиева)

Изложбата ќе се отвори на 27 септември, во 20 часот, објект Даут-пашин амам и ќе трае до 27 ноември.

Куратор на проектот е Ана Франговска.

 

——————————————–

Роден е во Кавадарци, Република Македонија, во 1941 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности вo Белград (Србија), во 1964 г. Постдипломски студии посетувал на Академијата за ликовни уметности „Слејд“ при Лондонскиот универзитетски колеџ, В. Британија, во 1971/72 (Slade School of Fine Arts, London University College). Од 1970 до 1981 г. предавал сликарство и цртеж на Архитектонскиот факултет, Скопје, а од 1981 г. предава сликарство, цртање, акт, рачна изработка на хартија (медиум целулоза) во својство на доцент, вонреден и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности (сликарски оддел) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 1993 – 1995 бил декан на Факултетот. Во школската 1991/92 година, на Универзитетот на Северна Каролина, Гринзборо, САД (University of Nort Carolina, Greensboro) предавал по предметот Експериментална рачна изработка на хартија, во рамките на Фулбрајтовата програма.

Ликовни дисциплини што ги владее: освен цртежот, сликарството и творештвото со рачно изработената хартија (медиум целулоза), тој практикува: графика, мозаик, инсталација и ликовни интервенции.

Како гостин професор одржал поединечни предавања на: Институтот „Арт“ во Чикаго; на универзитетите во: Бостон, Ајова, Темпи, Санта Клара во САД (Art Institute Chicago; The Universities: Boston, Iowa, Tempe, Santa Clara – USA), Универзитетот за уметност „Мусашино“ во Токио, Јапонија (Musashino University, Tokyo – Japan), како и на Факултетот за ликовни уметности во Велико Трново – Бугарија.

Од 1993 до 1998 година го водел проектот „Типови целулозни влакна од билно потекло од Македонија“, за Министерството за наука на Р Македонија. Од 2000 до 2003 година работел како автор и координатор на проектите на програмите на УНЕСКО и Темпус. Проектот „Медиум целулоза“ при програмата Темпус е реализирана во соработка со Германија (Академијата за ликовни уметности, Нирнберг) и Италија (Интернационалната графичка школа, Венеција).

Добитник е на многу национални и интернационални награди за достигања во ликовната уметност.

Самостојни изложби и боени интервенции:

1964    Работнички универзитет, Скопје

1967    Коларчев народен универзитет, Белград, Србија

            Работнички универзитет, Скопје

1968    Уметничка галерија, Скопје

1969    Работнички универзитет, Струмица

            Драмски театар (заедно со Д. Перчинков), Скопје

1972    New Line Gallery, Брадфорд, Велика Британија

            Југословенски клуб, Лондон, Велика Британија

1973    New 57 Gallery, Единбург, Велика Британија

            Скопје (ателје на Петар Мазев), прв хепенинг во Македонија (заедно со Н. Фидановски и Д. Бовен)

            Планина Дешат, просторни интервенции заедно со Н. Фидановски

            Скопје, интервенции „Расцутен булевар“ (заедно со Н. Фидановски)

1974    Скопје, интервенции на надвозникот – арматури на неизградената стоковна куќа „Мост“

1976    Музеј на современата уметност, Скопје

            Дом на младите (заедно со Н. Фидановски), Скопје

1978    Градски музеј, Кавадарци

1981    Културно-информативен центар, Скопје

1982    Музеј на современата уметност (во соработка со Н. Фидановски), Скопје

1983    Прилеп (Варош), Боени интервенции (заедно со Н. Фиданоски)

1984    Месарница „Баце“, Скопје, интервенција „Во чест на Рембрант“

            Музеј на современата уметност, Скопје, ретроспективна изложба

            Дом на младите, Скопје, Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија

1985    Уметничка галерија „Скопје“, Скопје

            Модерна галерија, Зрењанин, Југославија

            Скопје (Водно), интервенција (просторно дејствување на боите)

            МСУ, Скопје, интервенција „Ригеста палета“

1986    Музеј на современата уметност (во соработка со Н. Фидановски), Скопје

            Дом на културата (во соработка со Н. Фидановски), Битола

            Југословенски културен центар, Њујорк, САД

1990    Wetherspoon Gallery, Гринзборо, С. Каролина, САД

            Музеј на современата уметност, Скопје, графики (донација од С. Шемов на Стоматолошката клиника – Скопје)

1994    Отворено ателје на Томе Аџиевски, Скопје

1995    Музеј на современата уметност, Скопје (ретроспективна изложба)

2000    Dome of Milenium, Лондон, Велика Британија

            Галерија „Аеро“, Скопје

            Објект ателјеа, ФЛУ, Скопје, „Куќата на сонцето“

2001    Нирнберг, Германија

2002    Порденоне, Италија

2003    Уметничка галерија „Скопје“ – Даут-пашин амам, Скопје, „Света шума“

            Уметничка галерија, Битола (заедно со Борис Шемов)

2011    Изложбен простор „АЕГ“, Нирнберг, Германија

            Кавадарци, Штип, Прилеп

2012 Скопје, Национална галерија, Мала станица, Симон Шемов и Ханс Херпих

2013 Матица ексклузив, Скопје

2023 Скопје, Национална галерија, Даут-пашин амам, „Од сингуларност до универзум“

 

Групни изложби

Има реализирано над 230 групни изложби во речиси сите поважни светски ликовни центри, на сите континенти.

1966    Струмица, Струмичка ликовна колонија

1967    Нови Сад, Македонска уметност на најмладата генерација, Салон трибине младих

Скопје, Современо македонско сликарство – млада генерација, МСУ

Скопје, Аспекти на цртежот во Македонија, МСУ

Белград (Србија), III. југословенско триенале

Скопје, Современа македонска уметност – актуелни тенденции

Струга, Салон на поезијата и сликарството

Софија, IX. меѓународен фестивал на младите

1968    Скопје, Наше минато, Уметничка галерија

1969    Словен Градец, Avangardna umetnost u Jugoslaviji 1919-69, Umetn. рaviljon

Ферара, Современи македонски уметници, Ex chiesa di S. Romano

Истанбул, Анкара (Турција), Современа македонска уметност, Resim ve heykel muzesi

Белград; Сараево; Загреб, Современа македонска уметност, Muzej savremene umetnosti

Скопје, 25 години ACHOM

Струмица; Охрид, Дела од Струмичката ликовна колонија

1970    Скопје, Моето сакано дело, Уметничка галерија

Скопје, Слики и скулптури од колекцијата на МСУ, МСУ

Париз; Ним; Шел, Кале (Франција), 10 peintres macedoniens, Museè des Beaux Arts de Nimes; Centre culturel de la ville de Chelles

Загреб, Изложба на СЛУЈ

Струга, Поезијата како инспирација

Струмица, Ликовна колонија

1971    Скопје, Дела на македонски уметници од колекцијата на МСУ, МСУ (10)

1972    Јаши, Пиатра Неамц, Современа македонска уметност, Централ. излож. павилј.

1973    Кажимеж (Полска), Дела од Меѓународната ликовна колонија

1973/74  Скопје, 25 г. СЛУЈ – изл. на ДЛУМ по повод Меѓународната недела на уметноста

1974    Врњачка Бања (Србија), Современо македонско сликарство

Кавадарци, Изложба на кавадаречки ликовни уметници

Лублин (Полска), І. меѓународна ликовна колонија

Куманово; Скопје, Збратимени градови

1975    Сомбор (Србија), XV. ликовна есен (V. триенале на југосл. цртеж)

Бања Лука (БиХ), VII. есенски и І. интернационален салон на лик. ум.

1976    3агреб (Хрватска), Suvremena makedonska umj., Galerija „Forum“

1977    Атина, Современа jугословенска уметност, Etniki pinakothiki, Alexander Soutzos museum

Скопје, Македонска современа графика, Дом на млади „25 Мај“

Загреб, Современа македонска ликовна уметност, Galerija „Forum“

Задар (Хрватска), Plavi salon

1978  Бања Лука, Современа македонска уметност од цик. Современа

ликовна уметност на народите на СФРЈ, Дом на култура

Тетово, Современа македонска ликовна уметност (од колекцијата на МСУ), Дом на култура

Грац, 16. совр. мак. ум. Neue Galerie am Landes musum Joanneum

Скопје, Современа југословенска графика, ЦКИ

Скопjе, Цртеж ДЛУМ

1979  Скопjе, 34. годишна изложба на ДЛУМ (20.10. – 05.11.), МСУ

1980    Скопје, Откуп на уметнички дела од РСЗК (1977 – 1979), МСУ

Скопје, Современа македонска графика (од колекцијата на МСУ), МСУ

Скопје, Современа норвешка и македонска графика од збирката на МСУ – Ск. ЦКИ

Скопје, Подарени дела (1971 – 1980), МСУ

Белград, Современи македонски графичари, Галерија „Борба“

Скопје, 11. ДЛУМ графика, НУБ „Свети Климент Охридски“

1981    3агреб, Современа графика во Македонија, Galerija „Fоrum“

Скопје, 7. СДЛУЈ ’81, МСУ – Скопје, октомври/ноември

1982    Скопје, Современа македонска уметност, МСУ

Скопје, Аквизиции III, Музеј на современата уметност

1984    Скопје, Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија, „25 Maj“

Скопје, 40 години македонско ликовно творештво 1944 – 1984, МСУ

1985    Сараево, Поглед на 80-тите години, Collegium Artisticum

Скопје, Современа македонска ликовна уметност (од колекцијата на МСУ, Музеј на современата уметност

Скопје, Современа македонска ликовна уметност (од колекцијата на МСУ), Скопски саем

Н. Белград, Karan & Studenti 1950/85, Gal. Doma kulture „Stud. grad“

1986    Скопје, Аквизиции V (1984 – 1985), МСУ

Скопjе, Соврeмено југословенско сликарство (од збирката на МСУ – Скопје), Музеј на современата уметност

Скопје, 6 македонски ликовни уметници, МСУ

Скопје, Југословенска графика 1950 – 1980, МСУ

Ташкент, Современа скопска графика, Sono za hudožnikov uzbekistana

Мелбурн; Сиднеj (Австралија) 15 современи македонски графичари

Скопје, Современи македонски уметници (од збирката на МСУ), МСУ

Белград, 6 македонских уметника, Музеј савремене уметности

Скопје, 80-тите години во македонската ликовна уметност, Музеј на Македонија

1987    Скопје, Подарени дела 1983 – 1986, МСУ

Скопје, Геометризмот и неговите видови во македонското сликарство, Музеј на Македонија

Џјангси, 15 современи македонски графичари, Дом на уметниците

Скопје, Ликовна колонија, Хотел „Континентал“; Дом на млади „25 Maj“

1988  Скопје, Ликовен круг „25“, Дом на млади „25 Maj“

Битола, 6 триенале на југословенска графика, Галерија на современа југословенска графика

Скопје; Битола; Штип; Аквизиции 7, МСУ; Уметничка галерија „М. Пијаде“, Безистен

Белград, 6-то Белградско триенале на jугословенската ликовна уметност, Београдски сајам

Скопје, Македонска ликовна уметност 1948 – 1988, Уметничка галерија

Скопје; Тетово, Надреализам и негови видови во современото македонско сликарство, Музеј на Македонија, ДК „Иљо Антески Смок“

1989    Белград, Ерменците за jугословенските уметници, Дом на советската култура

Сараево, Jугословенска документа, Олимписки центар „Скендериjа“, Сараево

Келн, Moдерна македонска графика, Spanischen Baudes Kolner Rathauses

Белград, Современа македонска графика, Галерија УЛУС (22)

1989/1990       Jаромjерз; Оломуц; Прага, Современа македонска графика, Mestskem muzev; Kraljske vlastivedne muzeum; Pamatnik narodnino pisemnictvi

1990    Скопjе, 15 современи македонски сликари, Скопски саем

Скопjе; Битола; Куманово; Струмица; Штип, 21. графичка изложба на ДЛУМ

НУБ „Св. К. Охридски“, Уметничка галерија „М. Пијаде“, Уметничка галерија; УГ Завод и музеј – Штип

Краљево, Шест македонски графичари, Народни музеј

Куманово, Современ југословенски цртеж (од збирката на МСУ – Скопје), Уметничка галерија

Скопје, Мал формат, Галерија „Глам“

1991    Скопје, Сликарство и традиција, Галерија „Харфа“

Скопје, Слики – скулптури – графики, Галерија „Анима“

Скопје, Нова постојана поставка, МСУ

1991/92 Софиjа (Бугарија), Современо искуство од Македонија, Худож. гал. „Св. св. Кирил и Методий“

1992    Скопjе, Зимски салон, Уметничка галериjа

Скопjе, 14 македонски уметници во 80-тите, МСУ

Пловдив; Разлог (Бугарија), Современа македонска графика, Уметничка галерија „Златко Бојаџие“, МКЦ

Куманово, Современо македонско сликарство и скулптура (од колекцијата на МСУ – Скопје), Уметничка галерија

Темпи, Факултет за ликовни уметности „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Уметничка галерија на Држ. универзитет на Аризона

Анкара (Турција), 4. интернационално азиско биенале, General Directorate of fine arts

1994    Будимпешта (Унгарија), Naturally, Ernst Muzeum

Скопjе, Антологиjа на македонската ликовна уметност 1894 – 1994, МСУ

1995    Париз; Скопје, 12 современи македонски уметници во Париз, Spadem Parvi; Уметничка галерија

Скопје, Студио Б и неговите автори, МГС

1996 Скопје, Квартет, Галерија „Selekt“

Рим (Италија); Подгорица (Црна Гора), Аспекти на модерната уметност во Македонија, Palazzo “Ruspoli“; Centar savremene umetnosti Dvorac Petrović

Скопје, Медитеранскиот контекст на македонското сликарство и таписерија, Уметничка галерија

Битола, Слики од меѓународната и национална колекција од МСУ – Скопје, Галерија на Завод и музеј

1997  Љубљана, Загреб, 12 современи македонски уметници, Mestna galerija,
          Muzej galeriski centar

1998    Скопjе, Арт егзодус ’98, Уметничка галерија Даут-пашин амам

2000    Скопjе, Донации – Аквизиции 1987 – 2000, Музеј на современате уметност

Љубљана, Месец на европската култура, Галерија „Крка“

Апатин (Србија), Слика – Простор, Kulturni centar „Apatin“

Лондон (Велика Британија), Милениумски експеримент, Милениумска купола

2001    Скопје, Преобразби, Музеј на современата уметност – Скопје

2002    Париз, Есенски салон, Espace Autevil

Скопје, Цртеж – избор од колекцијата на МСУ, Оддел за едукација Музеј на современата уметност – Скопје

2003    Скопје, Слика со песна, Ликовен салон на МАНУ

Париз, Дијалог, UNESCO

Скопје, Изложба од колекцијата на МСУ – Скопје, Музеј на современата уметност

2005 Скопје, Македонскиот цртеж од фон. на Национална галерија на

Македонија, НГМ Чифте амам

Битола, Можности на ситопечатот, НУ Завод и музеј

2008    Скопје, Изложба 2112, Музеј на современата уметност – Скопје (стрелци) (21 дек.)

2010/11  Скопје, Црвени утра, „Арт фактор“ и Културно-информативен центар

     Скопје (дек./јан.)

2011    Скопје, Невидливиот пејзаж, Музеј на современата уметност – Скопје

Скопје, Фрагменти; македонска ликовна сцена 1991 – 2011, НУМСУ

Талин (Естонија), In City…In citie, Nokia Kontserdimaja, Tallinn

2014    Скопје, Музеј на современата уметност

2015    Скопје, Од колекциите на Скопје, Музеј на Град Скопје

Скопје, Климент и Наум и нивната духовна светлина, ДК Оп. Илинден

2016    Скопје, Нефигуративни тенденции во 60-тите, Музеј на современа уметност (колекцијата на МСУ)

Скопје, Скулптурално, Музеј на современата уметност – Скопје

Скопје, Да ѝ дадеме шанса на солидарноста (аук. изл. 06.09.) Музеј на современата уметност

2017/18 Скопје, Линеарен цртеж, Mузеј на современата уметност – Скопје

Скопје, Македонска разгледница (од колекцијата на МСУ Скопје), МСУ

2018    Скопје, Конекции во колекциите – италјанско-македонски паралели, Музеј на современата уметност Скопје

2019    Скопје, Современа скулптура – ДЛУМ Галерија МКЦ (април)

2021    Скопје, Голем формат II/Large format II, Музеј на современата уметност

2022    Скопје, Аквизиции – Донации 2017 – 2021, НУ Музеј на современата уметност – Скопје (02.IV)

 

Награди

1968    Скопје, Награда „Нерешки мајстори“ на Есенската изложба на ДЛУМ

1969    Скопје, Награда за сликарство на весникот „Млад борец“

1975    Скопје, Откупна награда за идејно решение на фонтана во Скопје

 

 

Издавачка активност

  1. Го печати насловот „Медиум целулоза рачна изработка на хартија, видови целулоза од домашно поднебје и нивна паралела со веќе познатите целулозни суровини“, публикација од научно-истражувачката и креативно-ликовната област.
  2. Го печати насловот „Медиум целулоза рачна изработка на хартија и други блиски области“, како универзитетска литература.
Share Button