„Мајчинство“ – Изложба по повод празникот на жената во Чифте амам
На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш се чествува секоја година. По овој повод Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба […]
Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам
На 15ти ноември 2022 (вторник) во Националната галерија, објект Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е […]
Самостојна изложба на Сашо Блажес „Високо во ничија земја” во Чифте амам
На 25 октомври 2022 година (вторник), во 20 часот, во НУ Национална галерија, во објект Чифте амам ќе биде отворена самостојната изложба на Сашо Блажес насловена „Високо во ничија земја”. Сликите од циклусот „Високо во ничија земја” на Сашо Блажески, изработени во комбинирана техника (масло, акрилик и колаж на платно и масло на најлон), иако се во извесна помала или поголема корелација со различните дефиниции на терминот, сепак конкретно се однесуваат на денешната „нова“ […]
Изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“ во Мала станица
На 22 Септември, со почеток во 20 часот, во Национална галерија на РС Македонија, објект Мала Станица, ќе биде отворена самостојната изложба на Јана Луловска со наслов Natura in Vita/Vita in Natura. Кон изложбата Natura in Vita/Vita in Natura на Јана Луловска Ана Франговска, куратор На македонската ликовна сцена во последните години станува се поактуелна работата со дискурзиви на екологијата и заштитата на животната средина, што укажува на фактот дека уметниците се моќна алатка во освестување и […]
„Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ во Мала станица
Тематската изложба „НГМ“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија, и ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот. На изложбата ке бидат изложени околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на романтизам и сентименталност. Жанр-сцената го опфаќа човекот […]
Интерен оглас во Националната галерија – август 2022
Интерен оглас во Националната галерија…
Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам
Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Кондовски е роден во […]
Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам
Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 2022 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година. ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во […]
Годишна програма на Националната галерија на РС Македонија за 2022 година
Почитувани љубители на уметноста, уметници, културни работници, медиуми, претставници на дипломатските тела, соработници од образованието и севкупниот општествен и политички естаблишмент, со надеж дека Ве наоѓам во добро здравје, дозволете најнапред да Ви се заблагодарам на сите подеднакво за целата поддршка во изминатата, исклучително тешка 2021 година. Во несекојдневен амбиент, Вашето присуство и ангажман ја одбележа изминатата година за успешна година, за што сите ние во Националната галерија се залагавме и сме особено горди. Во […]
Главна изложба на ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ во Мала станица
Со особено задоволство ја најавуваме главната изложба на ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, мултимедијален проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, во партнерство со Британскиот совет и „Лукс“, која ќе се отвори на 15 септември, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во 20.00 часот и ќе биде поставена до 15 октомври 2021. Изложбата ќе ја отворат дамите, Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото кралство Велика […]