За објавените конкурси на Националната галерија

Share Button

Конкурсите кои Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и конкурс за млад уметник предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за другиот конкурс, за млад уметник.

Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, после долг временски период им беше понуден професионален повик отворен за сите, чии селектори се меѓународни стручњаци од областа, а за својот проект селектираните уметници ќе добијат хонорар и средства за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и трудот на ликовниот уметник.

Меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата IRWIN и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник, дизајнер и директор на Уметниката галерија на Косово ќе има сложена задача да избере еден зрел уметник за победник и двајца млади уметници кои ќе ги реализираат своите проекти во текот на месеците ноември и декември во просториите на Мултимедијалниот центар Мала станица.

Финалната одлука и образложението за селекцијата од страна на комисијата ќе биде јавно соопштена најдоцна до 20 август.

Согласно понудените проекти очекуваме интересни програмски содржини како резултат на конкурсите.

Следете нѐ!

____________________

Мишко Шуваковиќ

Мишко Шуваковиќ е српски теоретичар за уметност. Роден е во 1954 година во Белград. Шуваковиќ е ко-основач на концептуалистичката група 143 (1975-1980) и коосновач и соработник на неформалната уметничка и теоретска институција „Заедница за истражување на просторот“ (1982-1989). Од 1988 година е член на словенечкото друштво за естетика. Докторирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград во 1993 година со темата „Аналитичка филозофија и теорија на уметнo ст “. Предава л естетика и теорија на уметноста на Факултетот за музичка уметност и на Интердисциплинарни постдипломски студии на Универзитетот за уметности во Белград. Во моментот е доцент и професор на докторските студии по трансдициплинарни и трансмедијални студии по уметност на Факултетот за медија и комуникации.

Арта Агани Буњаку

Родена е 1973 година во Приштина. Од август 2016 година е директор на Националната галерија на Косово. Предава т ипографија на Академијата за комуникациски дизајн Еволуција. Магистрира ла графички дизајн 2004 година во класата на професорот Шикри Нимани со темата „Хаику – стих и визија“ на Факултетот за уметности на Универзитетот во Приштина, додека пред тоа дипломира на катедрата за графички дизајн. на истиот факултет во 1997 г. Нејзината професионална работа најнапред вклучува ла дизајн како нејзина примарна професија, уметнички проекти и изложби, но со посебно внимание во управување со уметнички проекти и изработка на повеќе изложби. Таа била куратор и комесар на Косовскиот павилјон на Венецијанското биенале 2017 и 2019, првиот пат со проект на светски познатиот Сисли Џафа, а вториот со проект на уметникот Албан Муја.

Роман Уранјек

Роман Уранјек е роден 1961 година во Трбовље, Словенија . Од 1983 година тој е к о-основач на група та IRWIN , а од 1984 година к о-основа ч на група та Neue Slowenische Kunst group (NSK) . 1985 година ја к о-основа група та Нови Колективиз а м . Селектирани и зложби : 2015 година – Модерна галерија, НСК-ОД КАПИТАЛ ДО КАПИТАЛ, Љубља на, Словенија (соло) ; 2014 година – Тејт Ливерпул, Арт Турн лево, Ливерпул, Велика Британија ; 2014 година – Гаражниот центар за современа култура, Нов ата интернационал а , Москва, Русија ; 2013 година – Галерија Грегор Поднар, Was ist Kunst Hugo Ball, Берлин, Германија (соло) ; 2012–2013 година – Тејт модерн, A Bigger Splash: Painting after Performances, Лондон, Велика Британија ; 2012 година – Музеј на модерна уметност МОМА, П асош канцеларија на НСК, Њ ујорк, САД (соло) ; 2012 година – Генк, Манифеста 9, Европското биенале на современата уметност ; 2012 година – Калверт 22, В реме за новата држава и Фолк уметност а на НСК, Лондон, Велика Британија (соло) итн.

Share Button