Изложба „75 / 75“ по повод 75 години Национална галерија
Почитувани, Ве информираме дека на 19.7.2023 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена за јавност изложбата под наслов „75 / 75“. Со оваа изложба ги започнуваме активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија. Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела – слики и скулптури. Селекцијата […]
Интерен оглас во Националната галерија – август 2022
Интерен оглас во Националната галерија…
Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски во Даут пашин амам
Националната галерија ја најавува Ретроспективната изложба на Димитар Кондовски. По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност имаме особена чест и задоволство да го претставиме неговото творештво во објектот Даут пашин амам. Изложбата ќе биде отворена на 5 мај 2022 година, а ќе трае се до крајот на месец јули 2022 година. ДИМИТАР КОНДОВСКИ е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во […]
Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“
Изложбата ќе се отвори на 28 март (понеделник) во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, од 19 часот. Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и […]
Јубилејна изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“
НУ, Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави Јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“ која ќе се отвори во објектот Чифте амам, на 03.11.2021, со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени 50тина дела (икони и слики) од сите творечки фази на авторот. Истите се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и Успение […]
Изложба „70 Години од првата национална поставка (1951-2021)“
Со особено задоволство Ве информираме дека на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во периодот од 1948 до […]
Програма на Националната галерија за 2021 година
Почитувани љубители на уметноста и пријатели на Националната галерија, настанатата ситуација со појавата на пандемијата, која нè принуди во одреден период да бидеме затворени, не значеше и да бидеме исклучени. Напротив, сета енергија во таквата специфична состојба ја насочивме кон изнаоѓање начини како во новонастанатата реалност да останеме достапни до сите Вас и да ги презентираме сите предвидени настани во 2020 година. Со помош на дигиталната технологија, почнавме со сериозно престројување, и сè уште секојдневно […]
Од отворањето на изложбата FLUX IDENTITY
На 10 февруари 2021 година, во објектот Чифте амам, Националната галерија официјално ја започна програмата за тековната година со меѓународен проект наслов „Flux Identity“ На отворањето на изложбата д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија, им се заблагодари на Канадската амбасада и на невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија, со чија соработка се реализира оваа изложба. Особена благодарност изрази кон Анета Пешева, почесен конзул на Канада. Истакна дека соработката со Амбасадата е долгогодишна […]
„Пеплосување и благородност“ на Невзат Бејтули-Кица
Невзат Бејтули-Кица е роден во 1962 год. во село Ѓурѓевиште, Гостиварско. Таму го започнал основното образование, кое, заедно со средното образование, ги завршил во Високо, Босна и Херцеговина. Академијата на ликовните уметности ја завршил во Скопје, во 1993 година, додека магистерските студии ги довршил во Приштина, под менторство на проф. Реџеп Фери во 2002 година. Неколку години работел како наставник по ликовна уметност во гимназијата во Тетово, а откако е основен Тетовскиот Универзитет, таму е […]
За објавените конкурси на Националната галерија
Конкурсите кои Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и конкурс за млад уметник предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за другиот конкурс, за млад уметник. Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, после долг временски период им беше понуден професионален повик отворен за сите, чии селектори […]