Трајче Чатмов – „Религија, митологија или слободна мисла“

Фигуративниот експресионизам и магичниот реализам на Трајче Чатмов (меѓу митологијата, религијата и историјата) Ликовната алегоричност и на Трајче Чатмов: Трајче Чатмов (Скопје, 1971) е еден од водечките современи македонски сликари. Неговиот ликовен корпус од последниве две-три години (2023 – 2025) импресионира со: (а) бројноста и квалитетот на насликаните и изложени дела, што покажува дека Чатмов е плоден автор кој се движи по самиот врв на своето творештво; (б) тематското богатство кое се движи во широк […]

„Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата. Овој избор е само мал дел […]

Башким Меџити „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“

На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16.12.2024 (понеделник), во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30 годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе го претставиме со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил […]

Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам

Изложба на уметникот Беди Ибрахим во објектот Чифте амам, ќе биде отворена на 28 октомври 2024 (понеделник), со почеток во 20 часот.  Беди Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои […]

„Бела ноќ“ во Националната галерија

На 5 октомври 2024 (сабота), во рамките на одбележување на 20. годишниот јубилеј на манифестацијата „Бела ноќ“ во организација на Универзалната сала во Скопје, Националната галерија традиционално се приклучува кон ноќта во која се бдее над уметноста и со задоволство ги најавува проектите кои ќе бидат дел од богатата програма на културната понуда. ДАУТ ПАШИН АМАМ На задоволство на љубителите на уметноста и широката публика Ве информираме дека изложбата ќе може да се посети и […]

„Сенки во облаците“ изложба на Емил Шулајковски

Во Чифте амам, на 1 октомври 2024 (вторник), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“. Во најновата изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“ (2024), со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата според која тој својот карактеристичен ликовен ракопис го заснова и дефинира преку бојата како основен сликарски постулат. Како една од […]

Ретроспективна изложба на Драган Верговски – Алпи

Драган Верговски-Алпи, роден во 1950 година, во Белград, е истакнат советник конзерватор чие уметничко патување е длабоко обликувано од неговите ментори и од различните стилови на модерната уметност. Неговите школски и студентски години се обележани со богато образовно искуство, почнувајќи од Средното уметничко училиште во Скопје, под раководство на професорот Димо Тодоровски. Тука Верговски ги усовршува своите уметнички вештини и развива длабока проникливост за сложеноста на уметничкото изразување. Продолжувајќи го своето ликовно образование, Верговски се […]

Самостојна изложба на Камуран Горанци – КОД4

Срдечно Ве покануваме на отворањето на Самостојната изложба на Камуран Горанци во објектот Чифте амам на 9. 5. 2024 година (четврток), во 19 часот. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024 година. Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана во Албанија и „Код 3“ во Галеријата на […]

„Париски рефлексии 3“ во Чифте амам

Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение од циклусот изложби под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел […]

Изложба „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio)

Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија со задоволство ве канат на прославата на Денот на италијанскиот дизајн 2024 година Во рамките на тридневната програма, на 14 март 2024 (четврток), во галеријата Чифте амам ќе се отвори изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio), во 13:00 часот. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март 2024. Имено, во објектот Чифте […]