Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам

Share Button

Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија.

Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната галерија на Косово.

 

кои по својот стил бараат време убаво да се погледнат. Таа ја зачувала посебноста на нејзината уметност во создавањето на тој вид на експресионизам, кој со или без интенција те носи кон името на авторката.“ – Елса Демо

„Спорот на личниот идентитет можно е да се спореди со тој на Икар, или пак на Исус, но Мимоза го доловува на најнеопределениот момент, најдуалниот, најхипотетичен, најотворен, тргнувајќи од родната сензибилизација на жената, која во многумина од овие фотографии јаoтелотворува тензијата нараспнувањето на една димензија која засекогаш останува мистична“ – Шклзен Малиќи

 

 

„Таа ѝ пркоси на технологијата. Постојат многу уметници, чии фотографии им ги прави апаратот, но фотографиите на Мимоза се од душата.“ – Шпенд Бенгу

Кураторот на изложбата Горанчо Ѓоргиевски информира дека истата ќе може да се погледне до 29 септември 2017 година.

 

 

Share Button