Одбележување на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби со изложба
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 1 ви декември 2017 година (петок), во 12 30 часот ќе се отвори изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“. Националната галерија на Македонија години наназад организира различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат социјални вештини и создаваат многу нови пријателства. Оваа година, учениците со оштетен слух и говор од училиштето ДУЦОР ,„Партенија Зографски,“ […]