Изложба “IN THE ZONE” во Чифте амам

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 17 ноември 2014 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложбата “IN THE ZONE”, на која ќе бидат претставени седум македонски уметници: Антони Мазневски, Атанас Атанасоски, Исмет Рамиќевиќ, Јане Чаловски, Велимир Жерновски, Групата ОПА и Ѓорѓе Јовановиќ.

A_Atanasoski

Во текот на месец јулу 2014 година проектот беше поставен во Мултимедијалниот центар во Ровињ, Хрватска.

Изложбата подразбира автори низ чии дела провејува една специфична перцепција на материјалот и неговото интерпретирање, преобликување, додека, од другата страна се уметниците ангажирано врзани за рецепција на случувањата, опкружувањето, за реминисцентните слики како духовна потреба за нивното визуелно транспонирање. “IN THE ZONE” е конципирана од дела кои го иницираат специфичното бележење на депонираните податоци на рецентното или минато време, случувањата, меморијаните слики кои се поставени во дефинирана територија како порака, критика или иронично отсликување, кадрирање на културолошкиот или социо-психолошкиот ракурс.

Jane Calovski Opsednat prostor video

OPA video

Изложбата ја организира АТАКАРНЕТ, Скопје (куратор Викторија Васева Димеска), во соработка со НУ Национална галерија на Македонија. Истата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.

 

 

Share Button