Изложба ,,Мојот универзум ‘’ во Чифте амам

Share Button

На 5 декември (понеделник) 2016 година, со почеток од 13 часот во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата ,, Мојот универзум ‘’.

3 (2)

Преку оваа изложба Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во таа насока беа организирани ликовни работилници на кои се изработуваа дела на стакло и коноп. На овие креативни работилници учество земаа учениците од ДУЦОР ,,Партенија Зографски” и Гимназиите СУГЦ ,,Орце Николов’’ и СУГЦ ‘’Јосип БрозТито’’.

Преку моделот на Социјална инклузија се развива чуство на толеранција и почит кон различностите, а низ прекрасна дружба тие создадоа уметност. Имајќи го предвид значењето на оваа изложба особена чест и задоволство ќе биде таа да биде презентирана пред пошироката јавност, а воедно да биде поттик за подобар третман за лицата со посебни потреби.

2 (3)

1 (4) Screen Shot 2016-12-03 at 8.37.24 PM

Screen Shot 2016-12-03 at 8.37.02 PM

 

Share Button