Изложба на кинески везови во Мала станица

Share Button

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 12 септември 2013 година (четврток) во 12:30 часот ќе биде отворена изложба на везови од областа Чианг.

kineska izlozba na vezovi od chiang (8)

Изложбата се организира по повод одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија и за спомен на 50 години од земјотресот во Скопје и 5 години од земјотресот во Сичуан, се организира изложбата за везови од малцинството Чианг, која е во ко-организација на Амбасадата на Кина во Македонија, офисот за надворешни работи на провинција Сичуан и Народната Влада на областа Венчуан, и во соработка на Министерство за надворешни работи, Министерство за култура и Националната Галерија на Македонија – Мала Станица на Република Македонија.

kineska izlozba na vezovi od chiang (6)

Изложбата е резултат на духовната и културната рехабилитација. Секој прекрасен експонат е навезен рачно од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан. Со мудрост и трудољубиви раце ја покажуваат културната специфика на сопствената народност и исцртуваат визија за подобрата иднина.

kineska izlozba na vezovi od chiang (1)

kineska izlozba na vezovi od chiang (2)

kineska izlozba na vezovi od chiang (3)

kineska izlozba na vezovi od chiang (4)

kineska izlozba na vezovi od chiang (5)

Со почит,

Национална галерија на Македонија

Share Button