Изложба на Теута Хоџа-Имери во КИЦ Софија

Share Button

Во организација на Националната галерија на Македонија во соработка со Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, на 16 декември 2014 година (вторник) во 18:30 часот ќе биде отворена изложба на Теута Хоџа-Имери во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија.

slika

Интимниот дневник во делата на авторката е проткаен со фрагменти од нејзиниот автобиографски, автореферентен љубовен дискурс, но во случајот семејниот. Дискретно, од една слика во друга, тој се јавува како лајтмотив, и на различни начини понира и наново се појавува, прелевајќи се, и расејувајќи се низ богатата колористичка експресија на нејзините апстрактни слики.

Секое платно на авторката претставува знак на сеќавање, но и омаж на некогашната заемна љубов испреплетена со радост, ведрина и внатрешна хармонија. Звуците од колористики разиграните сегменти, низ својот внатрешен синестезички принцип, на извесен начин се прелеваат во музички фрази, во траги на некогаш испеаните приспивни или љубени мелодии. Оттука сеќавањето за авторката, во овој циклус, претставува materia prima, од која ја изгради севкупната симфониска структура на нејзината полизначна и полифонична ризница на љубовта.

Изложбата ќе ја отворат г-ѓа Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија и г-дин Васко Шутаров, директор на Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Share Button