ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2025

Share Button

Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24),…

член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 34/15), Известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.19-5400/2 од 19.05.2025 година, Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје со единствен матичен број 4063317 и единствен даночен број 4030965222783 објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2025
Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, има потреба од вработување на 1 (едно) помошно-техничко лице на неопределено работно време, за следново работно место на ниво со шифра:
1. Ниво А01, шифра КУЛ 04 01 А01 010, назив на работното место Музејски техничар, звање на работното место Музејски техничар, во Сектор за правни, административни, општи технички и финансиски работи, во Одделение за правни, административни, општи технички работи – 1 (еден) извршител
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи Македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови: најмалку средно четири годишно образование, односно тригодишно средно образование (средно стручно или гимназиско образование)
Работно искуство: Работното место е предвидено за со или без работно искуство
Распоред на работно време
– Работното време е од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
– Работни часови неделно 40
Паричен износ на плата ознесува: нето 38.693,00 денари/бруто 58.126 денари
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на Галеријата (www.nationalgallery.mk) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје (секој ден од 9,00 до 14,00 часот) или да се симне од интернет страната (www.nationalgallery.mk). Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:
– Пријава Кратка биографија;
– Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
– Уверение за државјанство;
– Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од шест месеци);
– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
– Доказ за работно искуство (доколку се бара).
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација во затворен плик кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Галеријата секој работен ден од 9,00 до 14,00 часот) или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2025“ на адреса: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, ул.Железничка бр.18, Скопје.
Лице и телефон за контак: Елизабета Тасевска, 02 3 126-856
Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју за кое кандидати преку електронска пошта ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје
ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

 

______________

 

Огласот е поништен Прочитај повеќе

Share Button