ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2025

Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24), член 77-а став 1,2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-ди член 77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25)…
како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на изборот, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен јавниот оглас бр. 02-302/11 од 29.07.2019 година, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 242/25), а согласно Правилникот бр.02-248/3 од 09.09.2020 година за систематизација на работните места во НУ Национална галерија на Република Северна Македонија –Скопје и негови измени и дополнувања бр.01-40/1 од 15.01.2021 година, бр.01-223/1 од 23.07.2021 година, бр.01-37/1 од 16.01.2023 година, бр.02-518/5 од 12.09.2024 година, бр.01-644/5 од 20.12.2024 година, бр.01-144/1 од 25.03.2025 година иИзвестувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.19-6402/2 од 17.06.2025 година, Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје со единствен матичен број 4063317 и единствен даночен број 4030965222783 објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БР.02/2025
за вработување на неопределено работно време за едно (1) лице
Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, има потреба од вработување на 1(едно) лице давател на услуги, на неопределено работно време, за следново работно место на ниво со шифра:
1. Ниво Д03, шифра КУЛ 03 04 Д03 002, назив на работното место кустос етнолог во одделение за депо, документација и конзервација, звање на работното место Кустос, во Стручен сектор за идентификација, заштита, ревитализација, презентација и популаризација на движното културно наследство, во Одделение за депо, документација и конзервација– 1 (еден) извршител
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи Македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови: Високо образование (240 ЕКТС или завршен VII/1 степен) – Хуманистички науки и уметности – Други хуманистички науки – Етнологија и Антропологија
Работно искуство: до една година работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 51.358,00 денари
Распоред на работно време
– Работното време е од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
– Работни часови неделно 40
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на Галеријата(www.nationalgallery.mk) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје (секој ден од 9,00 до 14,00 часот) или да се симне од интернет страната (www.nationalgallery.mk).Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:
– Пријава Кратка биографија;
– Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
– Уверение за државјанство;
– Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од шест месеци);
– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
– Доказ за работно искуство (доколку се бара).
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација во затворен плик кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Галеријата секој работен ден од 9,00 до 14,00 часот) или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.02/2025“ на адреса: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, ул.Железничка бр.18, Скопје.
Лице и телефон за контак: Елизабета Тасевска, 02 3 126-856
Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју за кое кандидати преку електронска пошта ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје
_______________
Одлука за избран кандидат