ЈАВЕН ОГЛАС БР.03/2025

Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24), член 77-а став 1,2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-ди член 77-ѓ од
Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на изборот, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен јавниот оглас бр. 02-302/11 од 29.07.2019 година, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 242/25), а согласно Правилникот бр.02-248/3 од 09.09.2020 година за систематизација на работните места во НУ Национална галерија на Република Северна Македонија –Скопје и негови измени и дополнувања бр.01-40/1 од 15.01.2021 година, бр.01-223/1 од 23.07.2021 година, бр.01-37/1 од 16.01.2023 година, бр.02-518/5 од 12.09.2024 година, бр.01-644/5 од 20.12.2024 година, бр.01-144/1 од 25.03.2025 година и Известувањата за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.19-7278/2 од 14.07.2025 година, бр.19-7279/2 од 14.07.2025 година и бр.19-7280/2 од 14.07.2025 година, Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје со единствен матичен број 4063317 и единствен даночен број 4030965222783 објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БР.03/2025
за вработување на неопределено работно време за три (3) лица
I. Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, има потреба од вработување на 3(три) лица даватели на услуги, на неопределено работно време, за следниве работни места на ниво со шифра:
1. Ниво Д03, шифра КУЛ 03 04 Д03 002, назив на работното место Кустос во одделение за депо, документација и конзервација, звање на работното место Кустос, во Стручен сектор за идентификација, заштита, ревитализација, презентација и популаризација на движното културно наследство, во Одделение за депо, документација и конзервација– 1 (еден) извршител;
Посебни услови: Високо образование (240 ЕКТС или завршен VII/1 степен) – Историја на уметност , Работно искуство:до една година работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 51.358,00 денари
2. Ниво Д03, шифра КУЛ 03 04 Д03 003, назив на работното место Конзерватор во одделение за депо, документација и конзервација, звање на работното место Конзерватор, во Стручен сектор за идентификација, заштита, ревитализација, презентација и популаризација на движното културно наследство, во Одделение за депо, документација и конзервација– 1 (еден) извршител;
Посебни услови: Високо образование (240 ЕКТС или завршен VII/1 степен) – ликовна уметност Работно искуство:до една година работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 51.358,00 денари
3. Ниво Д03, шифра КУЛ 03 04 Д03 003, назив на работното место Конзерватор во одделение за депо, документација и конзервација, звање на работното место Конзерватор, во Стручен сектор за идентификација, заштита, ревитализација, презентација и популаризација на движното културно наследство, во Одделение за депо, документација и конзервација– 1 (еден) извршител.
Посебни услови: Високо образование (240 ЕКТС или завршен VII/1 степен) – ликовна уметност Работно искуство:до една година работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 51.358,00 денари
II. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
• да е државјанин на Република Северна Македонија;
• активно да го користи Македонскиот јазик (ќе се утврди на интервјуто);
• да е полнолетен (на увид копија од лична карта);
• да има општа здравствена способност за работното место;
• со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
III. Распоред на работно време
• Работни денови од понеделник до петок, со работно време од 8:00-16:00 часот и работни часа 40 неделно;
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на Галеријата(www.nationalgallery.mk) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје (секој ден од 9,00 до 14,00 часот) или да се симне од интернет страната (www.nationalgallery.mk).Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:
– Уверение за државјанство;
– Доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение, издадено од доктор специјалист по медицина на трудот (не постаро од шест месеци);
– Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
– Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
– Доказ за работно искуство
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација во затворен плик кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Галеријата секој работен ден од 9,00 до 14,00 часот) или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.03/2025“ на адреса: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје, ул.Железничка бр.18, Скопје.
Лице и телефон за контак: Елизабета Тасевска, 02 3 126-856
Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју за кое кандидати преку електронска пошта ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Одлуката за избор на кандидатот за вработување ќе биде објавена на интернет страната на Музејот и ке биде доставена до сите пријавени кандидати согласно закон.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Националната установа, Национална галерија на Република Северна Македонија – Скопје
__________________________________
Одлука за времено запирање на постапката…