Резултати од Конкурсот за реконструксија и просторна редефиниција на Мала станица

Share Button

mala stanica

Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираше потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повика стручната и компетентна фела (архитекти, уметници од различни дисциплини, дизајнери, музеолози, историчари на уметност итн.) на јавна дискусија која се одржа на 06 септември 2017 година, во 19.00 часот, во просториите на Мала станица.

По одржаната дебата и собраните размислувања Нациналната галерија на Македонија објави јавен повик за доставување на современи архитектонски решенија кои ќе бидат во согласност со потребите, можностите и фунцијата на објектот Мала станица. Сите доставени решенија беа разгледани од страна на стручна Комисија која даде образложение по основ Конкурсот за идејно архитектонско решение за реконструксија и просторна редефиниција на објектот Мала станица на НУ Национална галерија на Македонија.

Жирито на Kонкурсот во состав: Бесиан Мемети, претседател на комисијата, Теута Имери, академски ликовен уметник и вонреден професор и д-р Тони Васиќ академски ликовен уметник, изврши детален и стручен увид во пријавените по конкурсот трудови констатирајки несомнени поединечни квалитети кај архитектонските проекти и реши да се доделат четитри награди. Жири комисијата донесе одлука Првата награда да се додели на архитектонското решение со шифра „БУКВИ“. Втората награда се доделува на архитектонското решение со шифра „ПЛЕТ“. Третата награда рамноправно е поделена на две архитектонски решенија со шифра „СМАХ1“ и „КНАП“.

Архитектонското решение со шифра „БУКВИ“ се наградува за ефикасно решение за ентериерна организација и опременост на предметниот простор и искажаната дизајнерска иновативност која на најдобар начин го артикулира барањето на институцијата Национална галерија на Македонија, објекот Мала станица да се претвори во современ музејско галериски објект, практичен за функционирање, ефикасен за работа, комфорен за користење, внесувајки нов дух и амбиент на културната сцена во Скопје и Македонија. Новиот концепт претставен во ова идејно решение во голема мера не отстапува од просторната меѓузависност на конструкцијата и просториите кои таа ги дефинира и јасно го одредува просторниот распоред со издвојување на зоните по намена по вертикала и по хоризонтала. Со проектното решение се демонстрираат конзистентност и недвосмисленост на архитектонскиот јазик, креирајки впечатлив, творечки израз.

Архитектонското решение со шифра „ПЛЕТ“ се наградува за иновативност со предложеното решение за објектот Мала станица која се карактеризира со функционалната едноставност и ефикасност, презентирана преку современа обликовна појавност низ принципот на наизменично преплетување на новопоставените форми во просторот. Ваквиот дизајн придонесува кон формирање на нов квалитет на просторот кој се препознава преку три сегменти: структура-содржина-движење. Со инкорпорирање на т.н. „Меандер“ на хетерогеноста и крутоста на просторот со новопредвиденото решение се нуди динамична трансформација на статичната состојба во флексибилна, виртуелна, конкретна содржина.

Третата награда рамноправно ќе се подели на архитектонските решенија со шифра „СМАХ1“ и „КНАП“. И двата проекти се одликуваат со смел и оригинален пристап во решавањето на функционалноста на просторот со имплементација на инвентивни решенија во однос на решавање на вертикалната комуникација и организација на движењето, како и со смели зафати со интервенција на внатрешните постојни структури. И двате решенија ги задоволуваат параметрите кои се зададени во проектната програма и се карактеризираат со комплексност на односите и процесите во него при што се преплетуваат желбите и можностите на инвеститорот со креативноста на проектните решенија.

Комисијата ги апострофира овие проекти како прифатливи, кои ги задоволуваат потребите, ги препознаваат и ги афирмираат нејзините вредности.

ИМ ЧЕСТИТАМЕ на победниците!

Наградените проектни решенија ќе бидат изложени од понеделник, 18-ти декември, во 12 часот, во Мала станица.
Национална галерија на Македонија

Share Button