Петта Годишна изложба на основните училишта

Share Button

Во Чифте амам при Националната галерија на Македонија на 26.04.2016 год (вторник) во 13 часот ќе биде отворена Годишната изложба на основни училишта, програмски проект на едукативното одделение.

godishna izlozbaОвогодишната тема е „Пејзаж“, учесници се ученици од 6-то до 9-то одделение од сите основни училишта од градот Скопје. Младите автори изработија дела во повеќе техники (цртеж, фотографија, колаж, графика, темпера…)

Изложбата има натпреварувачки карактер, најдобрите творби ќе бидат наградени со цел да се подигне мотивацијата кај учесниците.

Овој Проект/изложба има традиционален карактер, се организира по петти пат во Националната галерија на Македонија, и истата ќе може да се погледне до 8-ми мај. Едукатор кој го води проектот е Маја Димитрова.

Share Button