Промоцијата на монографија на Евгенија Демниевска
Почитувани, Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во Чифте амам, насловена „Метаморфози на линијата“.
Промоцијата ќе се реализира на 27 октомври, петок, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија – Чифте амам. На овој настан, покрај промоција на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои ќе говорат за нивното искуство од работата со авторката, ќе имаме и ретка можност да слушнеме презентација на авторката за „Интерактивната пракса“ во нејзиното творештво.
Учеството и интерактивноста на публиката за Демниевска од секогаш биле центар на интерес, најнапред преку рекомпонирањето на нејзините геометриски организирани слики, од страна на публиката, осмислени како сложувалки, во нејзините дела од 80те, а потоа во 90те започнува уште поинтензивно да се интересира за тоа како може публиката директно да учествува во креирањето на едно уметничко дело. Се интересира и за новите можности најнапред на телефонот и телефаксот, а потоа и на интернетот, со чија помош без ограничувања во просторот и во времето разни интелектуалци и креативци од целиот свет, на покана на авторката, може да колаборираат во мрежното создавање на уметничкото дело.
Ве очекуваме.