Изложба на Евгенија Демниевска во Чифте Амам
Ретроспективна изложба на македонската уметница Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“ ќе се отвори на 5 октомври во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам. Изложбата ќе трае до 29 октомври. Демниевска рече дека ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега. – На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата […]