Хасан Налбани изложува во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 6 октомври 2014 година (понеделник) во 19:30 часот ќе се отвори изложба на албанскиот уметник Хасан Налбани. Хасан Налбани (1934) е претставник на првата генерација едуцирани албански уметници, образувани на тогаш оформената Академија за ликовна уметност во Тирана (дипломирал 1964 година). Оваа генерација воведува нови стандарди на албанската ликовна сцена, влијае врз модернизација во стилскиот вокабулар и успева на современ начин да ја пренесе споната помеѓу […]